Нескротлив () — американска детективска телевизиска серија наменета за Netflix. Дејството се одвива во Националниот парк Јосемити, а главните улоги ги толкуваат Ерик Бана, Лили Сантјаго, Розмари Девит и Сем Нил.
Објавена е на 17 јули 2025 г. на Netflix, а во јули истата година, серијата била обновена за втора сезона.
Содржина Во огромното пространство на Националниот парк Јосемити, смртта на една жена привлекува федерален агент во беззаконска област, каде што природата не почитува никакви правила освен своите.
Улоги
|Ерик Бана |Кајл Тарнер |- |Сем Нил |Пол Сутер |- |Вилсон Бетел |Шејн Магвајер |- |Лили Сантјаго |Наја Васкес |- |Розмари Девит |Џил Бодвин
Производство Во март 2024 г., било објавено дека компаниите Warner Bros. Television и John Wells Productions започнале со производство на минисерија по сценарио на Марк Л. Смит и Ел Смит. За главна улога бил потврден Ерик Бана.
Во јуни 2024 г., на глумечкиот состав му се приклучиле Сем Нил, Лили Сантјаго, Розмари Девит и Вилсон Бетел.
Снимањето започнало во Ванкувер (Британска Колумбија, Канада) во јуни 2024 г. Во август 2024 г., снимањето се одвивало во паркот Чип Кер во Порт Муди.
Телевизиската серија била објавена на преносната платформа Netflix на 17 јули 2025 г. Првично била замислена како минисерија, но на 29 јули 2025 г. била продолжена за втора сезона.
Наводи
Надворешни врски
Нескротлив на Netflix__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски телевизиски трилери Категорија:Оригинални програми на Netflix