Огнен Стефановски (роден на 14 септември 2004 г.) — македонски атлетичар што се натпреварува во десетобој.Огнен Стефановски постави нов национален рекорд во десетобојgol.mk; 19 мај 2025

Стефановски е актуелен рекордер на Македонија во дисциплините скок со стап, десетобој и седмобој во сала.

Кариера На државното првенство во атлетика во 2024 година, Стефановски станал државен шампион на 110 метри со пречки, со време од 16.08 секунди.

Стефановски поставил нов македонски рекорд во седмобој во сала од 4879 поени на националното првенство на Хрватска во февруари 2025 година.Атлетичарот Стефановски вторпат во 20 дена го сруши државниот рекорд во седмобој! sport1.mk; 10 февруари 2025

На Европското екипно првенство 2025 - трета дивизија во јуни 2025 година во Марибор, Словенија, Стефанoвски поставил нов македонски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи 4,05 метри со што успеал да го собори рекордот од 3,90 метри поставен од Владимир Карер во 1968 година.ОГНЕН СТЕФАНОВСКИ ПРЕСКОКНА 4,05 МЕТРИ И ГО СОБОРИ ДРЖАВНИОТ РЕКОРД ВО СКОК СО СТАП СТАР 57 ГОДИНИ sdk.mk; 26 јуни 2025

На Европското првенство до 23 години во Берген, Норвешка во 2025 година, Стефановски постигнал резултат од 6648 поени во десетобој, со што поставил нов македонски рекорд, подобрувајќи го претходниот најдобар резултат од 6521 поен, кој исто така бил во негова сопственост.

Лични рекорди Дисциплина Резултат Место ДатумНа отворено Десетобој 7207 поени ()Волос, Грција21 јуни 2026100 метри 11.02 Волос, Грција 20 јуни 2026110 метри со пречки 14.68Монако, Монако30 мај 2026400 метри 48.84 Марибор, Словенија23 мај 2026400 метри со пречки 56.30 Хожов, Полска21 јуни 2023Скок со стап 4.05 м ()Марибор, Словенија25 јуни 2025Скок во далечина 7.04 м Скопје, Македонија16 мај 2026Фрлање копје 52.71 мСкопје, Македонија8 јуни 2025Во СалаСедмобој 5223 поени ()Ново Место, Словенија22 февруари 202660 метри со пречки 8.39 () Белград, Србија25 јануари 2026400 метри 50.66 Будимпешта, Унгарија28 јануари 2024Скок со стап 4.20 м ()Ново Место, Словенија22 февруари 2026Скок во височина 1.86 мЗагреб, Хрватска8 февруари 2025

Признанија Најдобар македонски атлетичар во младинска категорија (2022, 2023)

Наводи

Надворешни врски Огнен Стефановски на worldathletics.org Огнен Стефановски на european-athletics.com

Категорија:Македонски атлетичари