Волфова награда за математика — награда за математика што речиси секоја година ја доделува Волфовата фондација во Израел. Таа е една од шесте Волфови награди воспоставени од Фондацијата и доделени од 1978 година. Другите се за земјоделство, хемија, медицина, физика и уметност. Волфовата награда вклучува и парична награда од 100.000 долари.
Според истражувањето за угледот спроведено во 2013 и 2014 година, Волфовата награда за математика е трета најпрестижна меѓународна академска награда по математика, по Абеловата награда и Филдсовиот медал.
Добитници
Година Име Државјанство Образложение 1978 Израел Гелфанд за неговата работа на полето на функционалната анализа, групното претставување и за неговите значајни придонеси во многу области на математиката и нејзините примени. Карл Лудвиг Зигел за неговиот придонес во теоријата на броевите, теоријата на неколку комплексни променливи и небесната механика. 1979 Жан Лере Андре Веј за неговото вдахновено воведување на алгебарско-геометриски методи во теоријата на броевите. 1980 Анри Картан за пионерската работа во алгебарската топологија, комплексните променливи, хомолошката алгебра и вдахновеното предводење на поколенија математичари. Андреј Колмогоров за длабоките и оригинални откритија во Фурјеовата анализа, теоријата на веројатноста, ергодичната теорија и динамичните системи. 1981 Ларс Алфорс за темелни откритија и создавање на моќни нови методи во теоријата на геометриските функции. Оскар Зариски творец на модерниот пристап кон алгебарската геометрија, преку нејзино спојување со комутативната алгебра. 1982 Хаслер Витни за неговата темелни дела во алгебарската топологија, диференцијалната геометрија и диференцијалната топологија. Марк Крејн за неговите темелни придонеси во функционалната анализа и нејзините примени. 1983/84 Шјинг-Шен Черн за извонредните придонеси во глобалната диференцијална геометрија, кои имале длабоко влијание на целата математика Пал Ердеш за неговите бројни придонеси во теоријата на броевите, комбинаториката, веројатноста, теоријата на множествата и математичката анализа, како и за личното поттикнување на математичарите од целиот свет. 1984/85 Кунихико Кодаира за неговите извонредни придонеси во проучувањето на комплексни и алгебарски многуобразија (вариетети). Ханс Леви за поттикнување/започнување многу, сега класични и суштински, случувања во парцијалните диференцијални равенки 1986 Самуел Ајленберг за неговата темелна работа во алгебарската топологија и хомолошка алгебраЖхомолошката алгебра. Атле Селберг за неговата длабока и оригинална работа на теоријата на броевите и на дискретните групи и автоморфни облици]. 1987 Кијоши Ито за неговите темелни придонеси во чистата и применетата теорија на веројатноста, особено за создавањето на стохастичкото инфинитезимално сметање. Питер Лакс за неговите извонредни придонеси во многу области на математичката анализа и применетата математика. 1988 Фридрих Хирцебрух за извонредното дело што ги комбинира топологијата, алгебарската геометрија и диференцијалната геометрија и алгебарската теорија на броевиte; и за неговото поттикнување на математичката соработка и истражување. Ларс Хермандер за темелното дело во модерната анализа, особено, примената на псевдодиференцијални оператори и Фурјеовиот интегрален оператор во линеарните парцијални диференцијални равенки. 1989 Алберто Калдерон за неговата новаторска работа на единечни интегрални оператори и нивната примена во важни проблеми во парцијалните диференцијални равенки. Џон Милнор за генијалните и многу оригинални откритија во геометријата, кои отворија важни нови перспективи во топологијата од алгебарска, комбинаторна и диференцијабилна гледна точка. 1990 Енио Де Џорџи за неговите иновативни идеи и темелни достигнувања во парцијалните диференцијални равенки и варијациското сметање. Илја Пјатецки-Шапиро за неговите темелни придонеси во областите на хомогени комплексни домени, дискретни групи, теорија на претставување и автоморфни облици 1991 Не е доделена 1992 Ленарт Карлесон за неговите темелни придонеси во Фурјеовата анализа, комплексната анализа, квазиконформното и динамичните системи]. Џон. Г. Томпсон за неговите длабоки придонеси во сите аспекти на теоријата на конечни групи и врските со другите гранки на математиката. 1993 Михаил Громов за неговите новаторски придонеси во глобалната Римановата и симплектичната геометрија, алгебарската топологија, теоријата на геометриски групи и теоријата на парцијалните диференцијални равенки. Жак Титс за неговите пионерски и темелни придонеси во теоријата на структурата на алгебарските и другите класи на групи, а особено за теоријата на градби. 1994/95 Јирген Мозер за неговото темелно дело за стабилноста во Хамилтоновата механика и неговите длабоки и влијателни придонеси кон нелинеарните диференцијални равенки. 1995/96 Роберт Ленглендс за неговата пионерска работа и извонреден увид во областите на теоријата на броевите, автоморфните облици и претставувањето на групи. Ендру Вајлс за спектакуларни придонеси во теоријата на броевите и сродните области, големи достигнувања во темелни претпоставки и за решавање на Последната Фермаова теорема. 1996/97 Џозеф Б. Келер за неговите длабоки и новаторски придонеси, особено во електромагнетното, оптичкото и звучното ширење на брановите и во флуидната, , квантната, статистичката и механиката на цврсти тела. Јаков Синај за неговите темелни придонеси кон математички ригорозните методи во статистичката механика и ергодичната теорија на динамичnите системи и нивните примени во физиката. 1998 Не е доделена 1999 Ласло Ловас за неговите извонредни придонеси во комбинаториката, теоретската компјутерска наука и комбинаторната оптимизација. Елијас Стајн за неговите придонеси кон класичната и Евклидовата Фурјеова анализа и за неговото исклучително влијание врз новото поколени аналитичари преку неговото речовито предавање и пишување. 2000 Раул Бот за неговите длабоки откритија во топологијата и диференцијалната геометрија и нивните примени во Лиевите групи, диференцијалните оператори] и математичката физика. Жан-Пјер Сер за неговите бројни темелни придонеси во топологијата, алгебарската геометрија, алгебрате и теоријата на броевите и за неговите вдаховени предавања и дела. 2001 Владимир Арнолд за неговата длабока и влијателна работа во мноштво области на математиката, вклучувајќи ги динамичните системи, диференцијалните равенки и теоријата на сингуларностите. Сахарон Шелах за неговите бројни темелни придонеси кон математичката логика и теоријата на множествата, како и нивните примени во други делови од математиката. 2002/03 Микио Сато за неговото создавање на алгебарската анализа, вклучувајќи ја теоријата на хиперфункција и теоријата на микрофункција, холономска квантна теорија на поле и унифицираната теорија на солитонски равенки. Џон Тејт за неговото создавање на темелните концепти во алгебарската теорија на броевите. 2004 Не е доделена 2005 Григориј Маргулис за неговите монументални придонеси во алгебрата, особено во теоријата на решетка во полуедноставни Лиеви групи, и впечатливи примени на ова во ергодичната теорија, теоријата на претставување, теоријата на броевите, комбинаториката и теоријата на мерiи. Сергеј Новиков за неговите темелни и пионерски придонеси во алгебарската и диференцијалната топологија, како и во математичката физика, особено воведувањето на алгебарско-геометриските методи. 2006/07 Стивен Смејл за неговите новаторски придонеси што одиграа темелна улога во обликувањето на диференцијалната топологија, динамичните системи, математичката економија и други предмети од математиката. Хилел Фурстенберг за неговите длабоки придонеси во ергодичната теорија, веројатноста, тополошката динамика, анализата на симетричните простори и хомогени текови. 2008 Пјер Делињ за неговата работа на мешаната Хоџова теорија, Вајловите претпоставки, Риман-Хилбертовата кореспонденција и за неговите придонеси во аритметиката. Филип Грифитс за неговата работа на варијации на Хоџовите структури, теоријата на периоди на Абеловите интеграли и за неговите придонеси во комплексна диференцијална геометрија. Дејвид Мамфорд за неговата работа на алгебарски површини, на геометриска инвариjантна теорија и за поставување на темелите на современите алгебарска теорија на модули на криви и тета функција. 2009 Не е доделена 2010 Шинг-Тинг Јау за неговата работа во геометриската анализа која имаше длабоко и драматично влијание врз многу области на геометријата и физиката. Денис Саливан за неговите новаторски придонеси во алгебарската топологија и конформната динамика. 2011 Не е доделена 2012 Михаел Ашбахер за неговата работа на тероијата на конечни групи. Луис Кафарели за неговата работа на парцијалните диференцијални равенки. 2013 Џорџ Мостоу за неговиот темелен и пионерски придонес на геометријата и теоријата на Лиеви групи. Мајкл Артин за неговите темелни придонеси во алгебарската геометрија, како во комутативната така и во некомутативната. 2014 Питер Сарнак за неговите длабоки придонеси во анализата, теоријата на броевите, геометријата и комбинаториката. 2015 Џејмс Артур за неговата монументална работа на формулата за трага и неговите темелни придонеси во теоријата на автоморфно претставување на редуктивни групи. 2016 Не е доделена 2017 Ричард Шон за неговиот придонес во геометриската анализа и разбирањето на меѓусебната поврзаност на парцијалните диференцијални равенки и диференцијалната геометрија. Чарлс Феферман за неговите придонеси во голем број математички области, вклучувајќи ја комплексната мултиваријантна анализа, парцијалните диференцијални равенки и субелиптичните проблеми. 2018 Александар Бејлинсон за нивната работа што направи значителен напредок на интерфејсот на геометријата и математичката физика. Владимир Дринфелд 2019 Жан-Франсоа Ле Гал за неговите длабоки и елегантни придонеси во теоријата на стохастичките процеси.. Грегори Лоулер за неговото сеопфатно и пионерско истражување на избришани јамки и случајни прошетки (Loop-erased random walk).Wolf Prize 2019 - Mathematics 2020 Сајмон Доналдсон за нивните придонеси во диференцијалната геометрија и топологијата.Wolf Prize 2020 - Mathematics Јаков Елијашберг 2021 Не е доделена 2022 Џорџ Лустих за неговите новаторски придонеси во теоријата на претставување и сродните области. 2023 Ингрид Добеши за нејзината работа во теоријата на уејвлет (бранови) и применетата хармонична анализа. 2024 Ади Шамир за неговите темелни придонеси во математичката криптографија.Wolf Prize 2024 - Mathematics Нога Алон за неговите темелни придонеси во комбинаториката и теоретската компјутерска наука.Wolf Prize 2024 - Mathematics 2025 Не е доделена
Добитници по земја Во долната табела се дадени добитниците по земја (ажурирана до добитниците од 2024 година). Добитниците кои имаат повеќе државјанства се бројат за секое државјанство. ДржаваБрој на добитници34 / 10755332222221111111
Поврзано Волфова награда Волфова награда за физика Волфова награда за хемија Волфова награда за земјоделство Волфова награда за уметност
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Israel-Wolf-Prizes 2015 Jerusalempost Wolf Prizes 2017 Jerusalempost Wolf Prizes 2018 Wolf Prize 2019
Категорија:Математички награди Категорија:Волфова награда Категорија:Појавено во 1978 година