Атанас Василев () — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Василев е роден во 1882 г. во селото Статица, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Во 1900 г. дал заклетва пред војводата Пандо Чулков и станал дел од ВМОРО. Првично бил курир на месното револуционерно раководство. Во Илинденското востание, Василев станал комита во четата на Васил Котев, каде учествувал во еднодневната битка на Бигла, во која е ранет Митре Влаот.

По крајот на востанието се вратил во родното село и продолжил да се занимава со револуционерни активности. По Првата светска војна тој емигрирал во САД. Прво се населил во Лорејн, Охајо, а подоцна во Детроит, Мичиген.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на МПО Категорија:Македонски преселници во САД