Мокро (, Ливадеро или Χορτολίβαδο, Хортоливадо; до 1928 г. Μόκρο, Мокро) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 912 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во падините на планинита Амар Беј, на 18 км југозападно од градот Серфиџе и јужно од селото Метаксас, на надморска височина од 980 м.

Историја

Во Отоманското Царство Селото за првпат е споменато во кодикот на манастирот „Св. Преображение“ на Метеора од 1592–1593 г., во кој се споменуваат имињата на верници од селото Мокрос (Μόκρος).

Според османлиски дефтер од 1528 г. во Мокро имало 37 домаќинства со 167 жители.

Во XIX век Мокро било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мокро е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 55 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Мокрон (Μόκρον) живееле 600 Грци христијани.

Во Грција За време на Првата балканска војна, на 9 октомври 1912 г. грчката војска ја поразила отоманската во битка кај селото. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото било испуштено во пописот од 1913 година, но при формирањето на општините во 1918 г. е заведено со 909 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 993 лица. Во 1928 година, името на селото било променето во Ливадеро (Λιβαδερό). +Места во заедницата Мокро преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписВакуфски ЧаирΒακούφικο ΤσαΐριАгии АпостолиΆγιοι Άπόστολοιмесност на ЈИ од МокроСелимΣελήμГригари ВрисиΓρήγαρη Βρύσηизвор на ЈЈЗ од МокроАрименијаΆριμένιαРахулаΡαχούλαврв на Ј од Мокро и на ЈЗ од Бисерица (1.045 м)

Стопанство Селото поседува богати обработливи површини, за што се должи природниот пораст на населението. Жителите произведуваат компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а поради пространите пасишта се занимаваат и со сточарството.

Население

Општествени установи

Полициска станица

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 52 квадратни километри. Општината Мокро била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.

Селото припаѓа на општинската единица Мокро со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мокро, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Атанасиј“ — гробишна црква од XVI–XVII век; Црква „Пресвета Богородица“ — постара црква обновена во 1961 г. и повторно во 1991 г.; Црква „Св. Никола“ — подигната во 1854 г.; Црква „Вознесение Христово“ — подигната во 1965 г.; Црква „Св. Илија“ — подигната во 1966 г.; Црква „Св. Ѓорѓи“ — подигната во 1987–1988 г.; Црква „Св. Апостоли“ — најнова селска црква.

Личности Родени во Мокро

Калиопи Вета (р. 1961) — грчка пејачка и политичарка

Наводи

Категорија:Серфиџе