Нејтн Пол Броудхед (роден на 5 април 1998, во Бангор) — велшки фудбалер, напаѓач на Ипсвич Таун и на велшката репрезентацијата.

Клупска кариера Евертон Броудхед му се приклучил на Евертон на 10-годишна возраст од Рексам. На 6 декември 2017 година, Броудхед бил повикан во првиот тим на Евертон за натпреварот од Лига Европа на гости против Аполон Лимасол. Еден ден подоцна, тој го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како замена во 82-рата минута и давајќи придонес за голот на Никола Влашиќ во победата од 3–0.

На 2 август 2019 година, Броудхед потпишал едногодишно продолжување на договорот до 2021 година, а потоа се приклучил на Бартон Албион на позајмица за сезоната 2019-2020. Еден ден подоцна, тој го направил своето деби во Фудбалската лига, влегувајќи како замена во поразот на Бартон со 1-0 од Ипсвич Таун.

По враќањето во Евертон, тој се нашол на клупата за првпат во сезоната 2020–2021 во натпревар од Премиер лигата, против на 1 март, добиен од „карамелите“ со 1–0. Месец дена подоцна, на 12 април, Броудхед го имал своето деби во Премиер лигата во натпреварот на гостински терен против .

Во јуни 2021 година, тој потпишал нов двегодишен договор со Евертон. На 16 август 2021 година, Броудхед му се приклучил на клубот од Лига Еден, , на позајмица до крајот на сезоната.

На 9 август 2022 година, тој се приклучил на Виган Атлетик на позајмица до крајот на сезоната 2022–2023; сепак, истата завршила предвреме на 6 јануари 2023 година, кога Евертон го повикал назад.

Ипсвич Таун На 9 јануари 2023 година, Броудхед му се приклучил на Ипсвич Таун на триипол-годишен договор за наводна сума од 1,5 милиони фунти. Дебитирал за Ипсвич на 21 јануари, во поразот со 2-1 на гостувањето против , заменувајќи го од клупата Маркус Харнес во 64-тата минута. Својот прв гол за клубот го постигнал во ремито 2-2 против на Портман Роуд, погодувајќи од директен слободен удар за да ја преполови негативата на својот тим на неколку минути пред крајот на првото полувреме, а подоцна успеале да се изборат за реми. До крајот на сезоната во Лига Еден, Броудхед постигнал вкупно 8 голови, со кој му помогнал на тимот предводен од Киеран Макена да заврши на второ место на табелата и да избори промоција во Чемпионшип.

Во сезоната 2023-2024, Броудхед постигнал 13 гола во второто ниво на англискиот фудбал, завршувајќи најдобар стрелец на клубот заедно со Конор Чаплин, давајќи голем придонес за втора промоција едноподруго и враќањето на Ипсвич во Премиер лигата после 22 години.https://www.itfc.co.uk/news/2024/june/05/2023-24-in-stats/ Својот прв гол во елитната дивизија го постигнал на 2 април 2025, во победата со 2-1 над .https://www.premierleague.com/news/4272281#:~:text=Nathan%20Broadhead's%20first%20Premier,Conor%20Townsend%20to%20lash%20home.

Репрезентативна кариера

Наводи

Надворешни врски

Нејтн Броудхед на soccerway Нејтн Броудхед на transfermarkt Нејтн Броудхед на espn Нејтн Броудхед whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Велшки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Ипсвич Таун Категорија:Родени во 1998 година