Хелена Трештикова (родена на година) — чешка режисерка на документарни филмови. Станала позната по снимањето долгометражни документарни филмови со метод на тајм-лапс, снимени со опсервација, кои освоиле многу награди. Кратко време била министерка за култура на Чешката Република. Од 2017 година, таа е и универзитетски професор.
Ран живот и образование Хелена Трештикова е родена како Бохмова на 22 јуни 1949 година во Прага. Таа пораснала во куќа која се наоѓала на Вацлавскиот плоштад. Завршила средно училиште во 1968 година, во времето на Прашката пролет. Во летото 1968 година, заминала во Западна Германија за да работи како бебиситерка, за да добие работна пракса која и била потребна за да биде примена на Филмското и ТВ училиште на Академијата за сценски уметности во Прага (ФАМУ). Во 1969 година, го посетила Париз, што ја мотивирало да стане филмски режисер.
Кариера мини|270x270пкс|Хелена Трештикова во 2007 година Во периодот 1969–1975 година, студирала документарен филм на ФАМУ. Нејзиниот прв филм бил Зазрак (1975). Додека барала тема за својата работа, била заинтересирана за развојот на човечките личности и судбини на долг временски хоризонт, па во 1980 година започнала со снимање на Манжелски студии (Брачни приказни) користејќи го таканаречениот метод на тајм-лапс, во кој ги следела судбините на неколку брачни парови шест години. Исто така, го користела овој метод за снимање на други документарни филмови (исто така следејќи ги судбините на разни луѓе), и нејзините филмови освоиле многу награди.
Од 2017 година, Трештикова запошнала со работа како универзитетски професор на ФАМУ, работејќи на одделот за документарен филм.
Во 2019 година, Трештикова станала член на Академијата за филмски уметности и науки, која одлучува за доделувањето на наградите Оскар. Избрани дела Нејзините најуспешни документарни филмови се:
Брачни приказни (1980–1987) Сладок век (1997) Хитлер, Сталин и јас (2001) Брачни приказни по 20 години (2005) Марсела (2006) Рене (2008) Катка (2009) Малори (2015) Ани (2020) – ја освоил главната награда на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Минхен во 2021 година Рене – Затвореник на слободата (2021)
Семејство Нејзиниот сопруг е Михаел Трештик (роден 1947 година), писател и продуцент на нејзините филмовите. Тој и Хелена Трештикова заедно напишале две книги за документарен филм. И двете нивни деца се јавни личности: Томаш (роден 1978 година), фотограф; и Хана (родена 1982 година), филмски режисер, продуцент, влијателна личност и локален политичар.
Политика Трештикова кратко време била министерка за култура на Чешката Република. Таа поднела оставка од функцијата во јануари 2007 година, откако била на функцијата помалку од три недели.
Награди Во 2024 година, Трештикова била одликувана со Медал за заслуги (прва класа) на Чешката Република за заслуги кон државата во областа на културата.
Во 2024 година, била наградена и со францускиот Орден за уметност и литература за ширење на уметноста и литературата во Франција и низ целиот свет.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Чешки режисери Категорија:Чешки режисери на документарни филмови