С'лп или Солп — историско село во Кичевско, на територијата на Општина Кичево. Топонимот и денес опстојува на атарската граница помеѓу на селата Цер и Мало Црско. Во ова село во XII век Георги Граматик го напишал Битолскиот триод.

Географија Селото се наоѓало во областа Преку Турла, на истоимениот превој Турла на патот од Кичево за Цер. На југ од селото е С’лпското Поле, а на запад – С’лпската Корија.

Историја Во опширните османлиски дефтери селото е заведено како Солб. Во 1468 г. тука се попишани 20 семејства и 2 неженети лица, вкупно 102 жители. На пописот од 1481 г. Солб се води како населба со 29 христијански семејства со над 140 жители. Во 1545 г. заведени се 34 семејства и 3 неженети лица, преку 170 жители. Во 1569 г. бројот на семејствата паднал на 16 и исто толкав број поединци (неженети лица и вдовици). Така, во селото живееле около 100 лица или за околу 70 помалку од претходниот попис.

Според „Кичево во минатото и сега“ С’лп бил населен од Албанци дојдени од Полог во XVIII век.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во С’лп (Сълпъ) живееле 220 Албанци муслимани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. С'лп (Сатеска) е прикажан како чисто албанско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 60 куќи.

Во својот труд „Кичевија“, Томо Смилјаниќ - Брадина напишал:

Според Јован Трифуноски, по уништувањето на селото во 1913 г. 11 семејства се населиле во Кичево, а оттаму во Лисичани.

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Цер (село) Категорија:Мало Црско