Клодет Колбер родена како Емили „Лили“ Клодет Шошуан; 13 септември 1903 – 30 јули 1996) била американска глумица. Колбер ја започнала својата кариера во бродвејски продукции кон крајот на 1920-тите и напредувала кон филмови со појавата на звучните филмови. Колбер станала една од ретките големи актерки од тој период кои работеле хонорарно; односно, независно од студискиот систем. Во 1999 година, Американскиот филмски институт ја прогласил Колбер за 12-та најголема женска ѕвезда на холивудската кинематографија.
Со нејзиниот средноатлантски акцент, разноврсност, духовити дијалози, аристократско однесување и талент за лесна комедија и емотивна драма, Колбер станала една од популарните ѕвезди на 1930-тите и 1940-тите."Claudette Colbert – Britannica Concise". Retrieved October 23, 2016.Pace, Eric (July 31, 1996). "Claudette Colbert, Unflappable Heroine of Screwball Comedies, Is Dead At 92". The New York Times. Retrieved October 26, 2018. Вкупно, Колбер глумела во повеќе од 60 филмови.
Колбер ја освоила наградата Оскар за најдобра глумица за филмот „Се случи една ноќ“ (1934), а во текот на нејзината кариера добила и две други номинации за Оскар. Нејзините други значајни филмови се Клеопатра (1934), Приказната за Палм Бич (1942) и Откако си замина (1944).
До средината на 1950-тите, Колбер се префрлила од филмови на телевизија и сценска работа; таа добила номинација за наградата Тони за Брачна вртелешка во 1959 година. Нејзината кариера почнала да опаѓа во раните 1960-ти. Кон крајот на 1970-тите, таа доживеала враќање во театарот и ја добила наградата „Сара Сидонс“ за нејзината работа во театарот во Чикаго во 1980 година. Нејзиното телевизиско појавување во Двете Госпоѓи Гренвил (1987) ѝ донело награда „Златен глобус“ и номинација за наградата Еми.
Награди и почести годинанаградакатегоријафилмрезултат 1935ОскарНајдобра глумицаСе случи една ноќ 1936Лични светови 1945Откако си замина 1959Tони (награда)Најдобра глумицаБрачна вртелешка 1960Холивудска патека на славнитеЅвезда— 1980Награда Сара СидонсКингфишер 1984Филмско друштво на Линколн центарНаграда за животно дело— 1985Драма дескДрама деск Специјална наградаЗарем не сме сите 1987Прајмтајм ЕмиНаграда за најдобра глумица во споредна улогаДвете Госпоѓи Гринвилс 1988Награда Златен ГлобусНаграда за најдобра глумица во споредна улога 1989Кенеди центарНаграда за животно дело— 1990Сан Себастијан Интернационален Филмски ФестивалДоностиа Награда— 1999Американски филмски институтАФИ 100 ѕвезди—
Поврзано
Список на актери со номинации за Оскар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Натурализирани Американци Категорија:Американски театарски глумици Категорија:Починати во 1996 година Категорија:Родени во 1903 година