Јуџин Куран Кели (23 август 1912 – 2 февруари 1996) бил американски танчер, актер, пејач, режисер и кореограф. Кели бил познат по својот енергичен и атлетски стил на танцување и се стремел да создаде нова форма на американски танц достапна за пошироката јавност, која ја нарекол „танц за обичниот човек“. Тој глумел, бил кореограф и со Стенли Донен, ко-режирал некои од најпознатите мјузикл од 1940-тите и 1950-тите.

Кели е познат по своите изведби во Американец во Париз (1951), за кој ја освоил наградата Оскар за најдобар филм, Пеење на дождот (1952), кој тој и Донен го режирале и кореографирале. Тие исто работеле и на други музички филмови од таа ера како што се Девојка од насловна страна (1944) и Сидро (1945), за кој бил номиниран за Оскар за најдобар глумец. Во градот (1949), кој бил неговото режисерско деби. Подоцна во 1950-тите, како што мјузиклите опаѓале во популарност, тој глумел во Бригадун (1954) и Секогаш е убаво времето (1955), последниот филм што го режирал со Донен. Неговото соло режисерско деби било за филмот Покана за танц (1956), еден од последните мјузикли на МГМ, кој бил комерцијален неуспех.

Кели го имал своето филмско деби во За мене и мојата девојка (1942) со Џуди Гарланд, со која се појавил и во Пиратот (1948) и Летна стока (1950). Тој исто така глумел и во драмите Црна рака (1950) и Наследи го ветерот (1960), за што добил пофалби од критичарите.

Кели продолжил како режисер во 1960-тит во Водич за оженет маж (1967) и Здраво, Доли! (1969), (кој добил номинација за Оскар за најдобар филм). Бил ко-водител и се појавил во Зигфелд Фолис (1946), Тоа е забава! (1974), Тоа е забава, втор дел (1976), Тоа е танцување! (1985) и Тоа е забава, трет дел (1994).

Неговите иновации го трансформирале холивудскиот мјузикл, а нему му се припишува заслугата за тоа што речиси сам ја направил балетската форма комерцијално прифатлива за филмската публика. Според историчарката на танцот и уметноста Бет Џене, која работела со Донен во Пеење на дождот и во филмови со режисерот Винсент Минели, „Кели... фундаментално влијаеше на начинот на кој се снимаат филмовите и начинот на кој ги гледаме. И тој го направи тоа со око на танчер и од перспектива на танчер.“ Кели добил почесен Оскар во 1952 година за неговите кариерни достигнувања; истата година, Американец во Париз освоил шест Оскари, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм. Подоцна добил награди за животно дело од Центарот Кенеди (1982), од Здружението на филмски актери и одАмериканскиот филмски институт. Во 1999 година, Американскиот филмски институт го рангирал како 15-та најголема машка филмска легенда на класичната американска кинематографија.

Наводи

Надворешни врски

The Gene Kelly Awards – University of Pittsburgh Naval Intelligence File on Gene Kelly Gene Kelly – An American Life – PBS Gene Kelly – Pittsburgh Music History Site Français Gene Kelly Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Американци со ирско потекло Категорија:Американци со германско потекло Категорија:Американци со канадско потекло Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Американски кореографи Категорија:Американски пејачи и пејачки од 20 век Категорија:Починати во 1996 година Категорија:Родени во 1912 година