Алексеј Генадијевич Смертин (роден на 1 мај 1975 година, во Барнаул) — руски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Клупска кариера Почетоци во Русија Роден во Барнаул, Сибир, тој започнал да игра фудбал во локалниот клуб, Динамо Барнаул, пред да се пресели во Зарја Ленинск-Кузнецкиј, каде поминал три години играјќи 124 натпревари. Во 1998 година играл за Уралан Елиста, а следната година добил повик од Локомотив Москва, со кој го освоил Купот на Русија и, на индивидуално ниво, наградата руски фудбалер на годината.
Бордо Во 2000 година, Смертин потпишал за францускиот клуб Бордо, со кој дебитирал во првенството на таа земја против Мец (натпреварот завршил 1-1). Откако пристигнал во Жиронда како речиси целосен анонимец, тој брзо си издвоил важно место во францускиот клуб, станувајќи клучен столб на средниот ред, а исто така бил ценет и од навивачите.
На бреговите на Гарона, тој со клубот го освоил Лига купот на Франција во сезоната 2001-2002, играјќи ги сите натпревари на турнирот и постигнувајќи еден гол (во второто коло против Кан).
Челси, Портсмут и Чарлтон Во август 2003 година, Смертин бил купен за 4,5 милиони евра од страна на Челзи на Клаудио Раниери, кој штотуку бил преземен од неговиот сонародник Роман Абрамович. За сезоната 2003-2004, тој бил позајмен на Портсмут, со кој дебитирал во Премиер лигата во натпревар против (0-0) на 30 август 2003, заменувајќи го Стив Стоун во 68-мата минута.
По една сезона на заем на Фратон Парк, во која забележал неколку импресивни настапи - пред сите, оној во победата со 1-0 над , тој се вратил во Челси. Сепак, таму работите се промениле во меѓувреме така што Раниери си заминал и бил заменет на клупата од Жозе Мурињо. Мурињо си изградил свој среден ред, потпишувајќи го сонародникот Тијаго Мендес, кој бил додаден на играчите кои веќе биле во тимот како Френк Лампард, Клод Макелеле, Џереми и Скот Паркер. Смертин одиграл само мала улога во тимот на Челси кој ја освоил титулата во сезоната 2004-2005, но имал доволно настапи за да добие медал (вкупно 16). Својот прв и единствен гол за „Сините“, го постигнал во победата од 3–1 над Порто во Лигата на шампионите.
По завршувањето на сезоната со Челси, тој бил прогласен за вишок и морал да бара нова средина. На крајот рускиот играч заминал на нова позајмица за сезоната 2005–2006, приклучувајќи му се на Чарлтон Атлетик, кој станал неговиот трет клуб од Премиер лигата за кој настапувал. Во Чарлтон, тој бил стартер и имал неколку импресивни настапи, но го напуштил клубот пред завршувањето на сезоната за да се врати во татковината.
Динамо Москва и Фулам thumb|200px|left|Смертин со Динамо Москва во 2006 година Во март 2006 година, тој се вратил во Русија потпишувајќи за Динамо Москва, за сума од 1 милион фунти.Smertin completes move to Moscow BBC Sport, 15 March 2006, Retrieved 14 October 2007 Смертин одиграл вкупно 22 натпревари за клубот пред да се најде на трансфер-листата, заедно со неколку други новопотпишани играчи, како што биле Маниче, Франсиско Лима, Коштиња и Јуркас Сеитаридис во масовниот обид на Андреј Кобелев за обнова на тимот за новата сезона.
thumb|right|400px|Смертин (бел дрес, со број 8) играјќи за Фулам, прави „жив ѕид“ со соиграчите, додека играчот на Арсенал, Робин ван Перси (црвен дрес), изведува слободен удар Откако Смертин бил ослободен од Динамо Москва, тој се вратил во Англија, потпишувајќи договор со Фулам во траење на две и пол години, според кој требало да остане во клубот до летото 2009 година.Fulham complete Smertin signing BBC Sport Online, 27 January 2006, Retrieved 14 October 2007 Тој бил стартер во поголемиот дел од првите натпревари од сезоната 2007-2008, но доаѓањето на друг играч од средниот ред Дани Марфи во последниот ден од летниот трансферен прозорец ги ограничило неговите можности за игра. Покрај тоа, тој страдал од неколку проблеми со повреди, но дури и кога бил во форма, Сајмон Дејвис и Марфи често биле претпочитани како двојка во средниот ред пред него. На 1 септември 2008 година, откако Смертин одбил да оди на позајмица во Кардиф Сити, тој и Фулам го раскинале неговиот договор со непосреден ефект.
Откако една сезона останал без клуб, во јули 2009 година, Смертин го објавил своето пензионирање од фудбалот на 34-годишна возраст.
Репрезентативна кариера Своето деби за руската фудбалска репрезентација, Смертин го имал на 14 октомври 1998 година, во поразот со 1-0 во Рејкјавик од Исланд, во квалификациски натпревар за Европското првенство 2000; сепак, неговото деби не минало добро, бидејќи тој бил исклучен поради добивање два жолти картони.
Со руската репрезентација, тој учествувал на Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004 (и на двете елиминирани уште после првата фаза).
Вкупно во дресот со националниот грб, Смертин одиграл 55 натпревари без постигнат гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Клупски Локомотив Москва Куп на Русија : 1 1999–2000
Бордо Лига куп на Франција : 1 2001-2002
Челси Премиер лига : 1 : 2004-2005
Поединечни Руски фудбалер на годината: 1999
Наводи
Надворешни врски
Алексеј Смертин на soccerway Алексеј Смертин на transfermarkt Алексеј Смертин на espn Алексеј Смертин whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Портсмут Категорија:Фудбалери на ФК Чарлтон Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Москва Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1975 година