мини|Поглед кон езерото Лисина — вештачка акумулација на реката Лисина, помеѓу Босилеград и Божица, изградена како секундарна акумулација на Власинското езеро, од каде тоа се надополнува со вода. Изградена е во 1978 година како пумпно-акумулаторска постројка.
Од езерото Лисина со две пумпи со капацитет од 15 кубни метри вода во секунда, се исфрла вода на височина од 340 метри над Власинското езеро, од каде со систем од одводни канали се доведува во каналот Божица, а оттаму во езерото. Каналот Божица има два тунела со вкупна должина од шест километри, а самиот е долг 25 километри. Неговото сливно подрачје опфаќа 64 квадратни километри. Од „Лисина“ годишно во Власинско езеро се пумпаат 74,7 милиони кубици вода.
Поврзано
Власинско езеро Хидроенергетскиот систем Власина Список на езера во Србија
Литература
Категорија:Вештачки езера Категорија:Езера во Србија