мини|323x323пкс|Снимка од играта од 2013 г., Guacamelee!, од жанрот метроидванија. Метроидванија (; од Metroid + Castlevania) — жанр компјутерски игри, поджанр на акциона авантура со збир на елементи од играчка механика и играчки процес, сличен на сериите Metroid и Castlevania (почнувајќи од Castlevania: Symphony of the Night).
Игрите во жанрот „метроидванија“ обично имаат голем, поврзан свет достапен за истражување, иако премините кон некои негови делови се блокирани со „врати“, „недостаток на информации“ и други бариери, кои можат да се надминат со пронаоѓање на соодветна алатка или со учење на некоја способност на друго место во светот. Собирањето на овие надградби, исто така, му помага на јунакот да победува посилни непријатели, да наоѓа тајни места и премини, како и лесно да се движи низ местата каде што јунакот веќе бил. Приказната и играчкиот процес во метроидваниите обично се вешто испреплетени.
Повеќето игри од жанрот се платформери со странично движење, иако се можни и други видови просторна изведба (Control, Hyper Light Drifter, Supraland). Жанрот бил популаризиран од третото до петтото поколение играчки конзоли, а доживеал преродба кон крајот на 2000-тите години, со зајакнувањето на независната играчка сцена.
Особености на играчкиот процес Најчесто, метроидванијата се платформски игри со едно големо ниво, понекогаш поделено на посебни „соби“ или „секции“. На почетокот, не се достапни сите области на нивото, па потребно е да се најде „клуч“, „информација“, алатка или способност што ќе овозможи надминување на пречката. Често, овој предмет го чува лик бос, што го поврзува играчкиот процес со приказната. Нивото е нелинеарно и често бара од играчот неколкупати да поминува низ ист дел. Обичните чудовишта што го населуваат нивото често се појавуваат повторно кога играчот ќе замине, и даваат животни точки, стреливо или точки за искуство.
Во големите игри, исто така, постојат точки за зачувување и телепортација меѓу различни делови од нивото, што го елиминира заморното одење напред-назад. Со новите способности може да се најдат и тунели што овозможуваат значително скратување на патот. На пример, двојниот скок, скокањето од ѕидови или претворањето во мал предмет овозможуваат поминување низ места што претходно биле непроодни. Така, играта се сосредоточува на истражување на големиот свет и на развојот на ликот — поради тоа, жанрот често се нарекува и „авантуристички платформер“.
Обично, поимот „метроидванија“ се поврзува со двомерни игри со странично движење, каде што ликот се движи нагоре, надолу, лево и десно низ нивото. Обично овие игри се исцртуваат со двомерни алатки, иако е можна и псевдотримерност, кога сликата се црта со 3D-погон, но движењето е ограничено на две оски (на пр. Shadow Complex). Други жанрови — иако можат да вклучуваат истражување и развој на ликот — не се сметаат за метроидванија. На пример, трилогијата Metroid Prime е пукачка игра од прво лице што се заснова на истите концепти како и Metroid. Dark Souls е тримерна Action/RPG што со тешкотија се вклопува во жанрот: има „меки брави“ во облик на сложени босови, кои се тешки за победување на почетокот, а многу полесни со текот на времето.
Игараши, на кого му се припишува создавањето на концептот на жанрот „метроидванија“, во 2014 г. опишал кои елементи ја прават успешна:
Овозможете му на играчот лесно и интересно да управува со ликот, а кога ќе добие ново оружје, способности и алатки, тој да биде среќен да ги совлада новитетите и да експериментира со нив. Изградете нивоа што ќе го водат играчот по главната патека, но и ќе го поттикнуваат истражувањето. Ова може да се постигне со тајни места за кои се потребни нови способности што сѐ уште не се добиени. Освен тоа, дел од овие способности треба да се дадат на самиот почеток, заедно со места каде што се потребни — за играчот да види како се развива неговиот лик. Обезбедете функционално насочување низ светот на играта. Ова може да се постигне со соодветен графички дизајн на нивоата, со забележливи обележја на клучните точки, со карта на светот на играта, дополнителни информативни екрани и можност за брзо поминување низ веќе поминатите делови.
Наводи
Надворешни врски
Platform Adventure
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Жанрови на видеоигри