Општина Арбанашко, именувана и како Месен народен одбор Арбанашко ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година. Центар на општината било селото Арбанашко.
Историја
1945-1952 Месниот народен одбор Арбанашко бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арбанашко, Буковљане, Рамно и Цветишница. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арбанашко бил проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Дејловце со неговото село Длабочица. Месниот народен одбор Арбанашко тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арнабашко не претрпел територијални промени.
1952-1955 Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Арбанашко бил преименуван во Општина Арбанашко, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Дејловце со неговите села Дејловце и Осиче. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Арбанашко била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арбанашко имал 1.373 жители. Од таа бројка, 1.311 биле Македонци, 61 бил Србин, додека 1 припаднал во графата останати. Според пописот од 1953 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 1.883 жители. Од таа бројка, 1.716 биле Македонци, 162 биле Срби, додека 5 биле Роми. Година19481953Населено местожителижителиАрбанашко326288Буковљане232241Длабочица275280Дејловце—413Осиче—107Рамно433426Цветишница107128Вкупно1.3731.883
Поврзано
Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Наводи
Арбанашко Арбанашко Арбанашко Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија