Месен народен одбор Никуљане ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година. Центар на општината било селото Никуљане.

Историја Месниот народен одбор Никуљане бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Никуљане и Сушево. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане не претрпел територијални промени. МНО Никуљане тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Четирце.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Никуљане имал 1.170 жители. Од таа бројка, 77 биле Македонци, додека 1,093 биле Срби. Година1948Населено местожителиНикуљане885Сушево285Вкупно1.170

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Никуљане Никуљане Никуљане Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија