Елмин Растодер (роден на 7 октомври 2001, во Вецикон) — швајцарско-македонски фудбалер, напаѓач на Панатинаикос и на македонската репрезентација.
Биографија Елмин Расотдер е роден во Вецикон, мал град во близина на Цирих, Швајцарија. Неговиот постар брат, Есмир, е исто така фудбалер и игра во пониските лиги во Швајцарија.
Тој е братучед на поранешниот македонски фудбалер и репрезентативец, Адис Јаховиќ.
Клупска кариера Растодер ја започнал својата кариера во Раперсвил-Јона, од каде што дошол во академијата на Грасхопер во 2017 година. Минувајќи низ младинските категории, на 16 октомври 2020, тој го направил своето деби за првиот тим на Грахопер во натпрвевар против Ксамакс во Челенџ лигата. Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим за сезоната, во која Грасхопер изборил промоција во Суперлигата.
Во сезоната 2021–2022, тој постигнал 13 гола во 26 натпревари во четвртото ниво на швајцарскиот фудбал со екипата на Грасхопер под 21 година. Паралелно, тој играл и за првиот тим запишувајќи два настапи во најсилната швајцарска фудбалска лига. На 7 април 2022 година, Растодер го продолжил договорот со Грасхопер до 2024 година.
Пред почетокот на сезоната 2022-2023, Растодер бил позајмен на Вадуц во Челенџ лигата, со цел да добие поголем простор за игра. На 31 август 2022, постигнал хет-трик, во натпревар од Купот на Лихтенштајн добиен со 18-0 против Тризен II. На 13 октомври, Растодер постигнал гол во Лигата на конференциите против украинскиот Днипро, во поразот на домашен терен со 1-2. Три дена подоцна, постигнал два гола во победата со 4-0 над Арау во првенството. Позитивната сезона со лихтенштајнците ја завршил со 44 настапи и 12 гола во сите натпреварувања. По завршувањето на сезоната, тој се вратил во Грасхопер за да ги започне подготовките на клубот за следната сезона. Сепак, тој не можеше да најде фиксно место во тимот во текот на првата половина од сезоната, играјќи само нешто повеќе од 100 минути во шест натпревари. На 6 февруари 2024 година, тој се вратил во Вадуц на уште една позајмица до крајот на сезоната 2023-2024.
На 3 јуни 2024, потпишал тригодишен договор со Тун. Во првата сезона со клубот му помогнал на Тун да избори промоција во Суперлигата, како шампион на Челенџ лигата 2024-2025, со 28 настапи и 5 гола.
На 3 мај 2026 година, Тун за првпат во историјата на клубот станал шампион на Швајцарија освојувајќи ја титулата во Суперлигата, успех за кој Растодер придонел со 34 настапи и 13 гола.
На 29 јуни 2026 година, Растодер потпишал за грчкиот клуб Панатинаикос во трансфер вреден 3.5 милиони евра.
Репрезентативна кариера Кон крајот на август 2025, Растодер бил повикан за првпат од селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, за септемвриските натпревари на репрезентацијата.
Своето деби за Македонија го направил на 4 септември 2025, влегувајќи како замена на полувремето во пријателскиот натпревар загубен со 2-1 од .
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 8 септември 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 ЧЛ 1 0 КШ 0 0 - - - - - - 1 0 2021-2022 СЛ 2 0 КШ 0 0 - - - - - - 2 0 2022-2023 Вадуц ЧЛ 32 7 КЛ 4 4 ЛК 84 настапи во квалификациските кола. 1 - - - 20 7 2023-јан. 2024 СЛ 6 0 КШ 2 0 - - - - - - 2 0Вкупно Грасхопер 9 0 2 0 - - - - 11 0 јан.-јун. 2024 Вадуц ЧЛ 14 1 КЛ 0 0 - - - - - - 14 1Вкупно Вадуц 46 8 4 4 8 1 - - 58 13 2024-2025 ЧЛ 28 5 КШ 2 0 - - - - - - 30 5 2025-2026 СЛ 6 1 КШ 1 0 - - - - - - 6 1Вкупно Тун 34 6 3 0 - - - - 37 6Вкупно во кариерата 89 14 9 4 8 1 - - 106 19
Титули Клупски Грасхопер Челенџ лига : 1 2020-2021 Вадуц Куп на Лихтенштајн : 1 2022-2023 Тун Суперлига на Швајцарија : 1 2025-2026 Челенџ лига : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Елмин Растодер на soccerway Елмин Растодер на transfermarkt
Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Грасхопер Категорија:Фудбалери на ФК Вадуц Категорија:Фудбалери на ФК Тун Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2001 година