Олга Панкина () — популаризаторка на македонската култура во Русија, македонистка, преведувачка, поетеса и сликарка.
Животопис Олга Панкина студирала на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (1975-1980) и е филолог и стручњак за словенски јазици и литератури. Била на подолго стажирање во МАНУ. Дипломската теза ја подготвила со научно менторство на академик Блаже Конески. Од 2007 до 2011 предава македонски јазик во Меѓународниот словенски институт и во Академијата за словенски култури во Москва. Сега ја води рубриката за Македонија во литературно-уметничкото списание „Меценат и свет“, кое се издава во Москва. Во 2010 година jа формирала невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва. Оттогаш, како претседателка на овој центар, таа активно и успешно ги презентира македонските културни вредности во Руската Федерација. Иницира и веќе над 10 години го реализира во Русиjа значаjниот проект „Читаj jа Македониjа!”. Членка е на Московската градска организација на Друштвото на писателите на Русија, на Сојузот на преведувачите на Русија, на Московското литературно друштво МОССАЛИТ, на Друштвото на ликовните уметници на Русија, (почесна) членка е на Друштвото на писателите и на Сојузот на литературните преведувачи на Република Македонија.
Библиографија Олга Панкина пишува поезиjа и кратка проза на руски и на македонски jазик. Авторка е на следниве збирки: „Предзимје“ (поетска збирка) „Паралелни светови“ (поетска збирка) „Плисок“ (поетска збирка) „Меѓусебна потрага“ (поетска збирка) „Тапан на пат“ (поетска збирка) „Сината птица“ (збирка раскази) Има објавено повеќе од 80 научни реферати и статии од областа на македонистиката, како и книгите со есеи „Размислувања за литературата“ и „Македонската книжевност низ призма на преводот“. Панкина е авторка на повеќе статии за Македонија во разни руски списанија. Нејзиниот научен интерес лежи во доменот на современиот македонски јазик, лексикографијата, теоријата и практиката на преведување од и на словенски јазици. Авторка е на преводите на 78 посебни книги од македонски писатели, како и на преводите на творби (поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички) од 300 македонски писатели, претставени во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.
Олга Панкина е авторка на проектот „Библиотека на литературата на Македонија“ – приредила, превела и обезбедила пари за печатење на следниве антологии:
„Македонски раскази“ (2009, застапени 50 македонски раскажувачи) „Современа македонска драма“ (2010, застапени 8 драматурзи) „Современа македонска поезија“ (2011, застапени 64 поети)
Панкина е авторка и на значајниот проект „Македонскиот роман на 21 век“, кој го реализира во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература „Рудомино“. Ова се првите седум романи од оваа едиција:
„Храпешко“ од Ермис Лафазановски „Водената пирамида“ („Патот на јагулите“) од Луан Старова „Дваесет и првиот. Книга на фантазми“ од Томислав Османли „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски „Маџун“ од Влада Урошевиќ „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски
Таа е преведувачка на руски на антологиите од проектот „135 тома македонска книжевност“ (вкупно осум книги, 5.000 страници). Има преведено 23 драми од македонски автори. Во својот преведувачки опус, Панкина ги вклучи и своите преводи на следниве прозните дела:
„Големата вода“ од Живко Чинго „Пиреј“ од Петре М. Андреевски „Времето на козите“ од Луан Старова „Папокот на светот“ од Венко Андоновски „Невестата на змејот“ од Влада Урошевиќ „10 македонски романи на 21 век“ (во извадоци) „Силjан Штркот“ од Марко Цепенков „Дирижаблот над поле со пченки“ од Влада Урошевиќ Раскази од македонски автори во списанијата „Великорос“ „Переводчик“ „Иностранаја литература“
Олга Панкина има впечатлив преведувачки опус и од областа на македонската поезија. Ги има преведено од македонски јазик на руски следниве поетски збирки:
„Историја на болеста” од Ристо Лазаров „Мајчин јазик” од Славе Ѓорѓо Димоски „Храм, сепак храм” од Ристо Василевски Антологија на современата македонска поезија „Гласови крај водата” (застапени се 65 автори) „Сончев круг” од Матеја Матевски „Забранета книга” од Веле Смилевски „Врв” од Санде Стојчевски „Моја длабочина” од Славе Ѓорѓо Димоски „Кога ни гореше под нозете” од Катица Ќулавкова „Послание” и „Сто песни” од Блаже Конески „Македонски монолог” од Гане Тодоровски „Господарот на перото” од Радован Павловски
Награди Олга Панкина е добитничка на голем број награди и признанија, меѓу нив се следниве:
Медал „Державин“ „Кристално перо“ Златна диплома од Меѓународниот форум на словенските култури „Златен витез“ Меѓународна Толстоева награда „Jасна Полjана“ (Русиjа) „Григор Прличев“ (награда за препев) Медал „Блаже Конески“ „Гоцевата мисла“ „Почесно Рациново признание“ „Sвезден македониум“, државна награда Медал за заслуги за Македониjа Награда „Лингва“ на Меѓународната манифестациjа „Битолски книжевни паметења“ Меѓународна награда „Ацо Караманов“ (Македонија) Пушкинов медал (Русија)
Во 2025 година на Олга Панкина во Русиjа ѝ е доделена државната награда медал „Пушкин“ за неjзиниот значаен придонес во развоjот на културните односи меѓу Руската Федерациjа и Република Македониjа.
Наводи
Надворешни врски Олга Панкина ја доби наградата „Златен витез“ за најдобар превод Вечер со Олга Панкина во Друштвото на писателите на Македонија Половина век посветен на популаризација на македонскиот јазик и литература во Русија „Читај ја Македонија!” – Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва Олга Панкина годинашен добитник на „Гоцева мисла“ Врачени наградите од 52-те Рацинови средби
Категорија:Руски преведувачи Категорија:Руски поети Категорија:Руски есеисти Категорија:Руски писатели Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски писателки Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Носители на Медалот за заслуги за Македонија Категорија:Носители на Пушкиновиот медал