Едон Жегрова (роден на 31 март 1999, во Херфорд) — косовски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на косовската репрезентација.
Биографија Роден е во Херфорд, Германија, од албански родители кои избегале од војната во Косово. Тој пораснал во Белгија.
Неговата помала сестра, Валза е поранешна пејачка.
Технички карактеристики Крилен напаѓач, со добра техника и извонреден дриблинг, благодарение на што е способен да ги разбие противничките одбранбени линии. Неговата посилна нога во играта е левата, а меѓу останатите квалитети кој ги поседува се вбројуваат брзината и нафрлувањата кој го прават играч способен да им асистира на соиграчите. Освен крило, може да игра и како втор напаѓач.
Клупска кариера Почетоци, Генк и Базел Во своите рани години, Жегрова тренирал фудбал во младинските екипи на неколку косовски и белгиски екипи. Последната од нив била екипата на Синт-Троjден, каде поминал две години и кога требало да се приклучи на првиот тим, тој бил купен од во 2017 година. Со нив го имал своето деби за првиот тим на 10 септември истата година, во ремито 1-1 против , заменувајќи го Руслан Малиновски во 80-тата минута. Првиот гол во својата кариера го постигнал на 9 декември 2017, во натпреварот на домашен терен против Ојпен што завршил 1-1. Во првата сезона како профсионален фудбалер забележал 15 настапи и еден гол, додека Генк ја освоил титулата во белгиското првенство.
По една сезона и половина во дресот на Генк, на 4 февруари 2019, Жегрова се преселил на осумнаесетмесечна позајмица во Базел. На 23 февруари 2019 година, дебитирал со дресот на Базел во победата од 2–0 на гостувањето кај Нојшател Ксамакс, влегувајќи како замена во 83-тата минута на местото на Валентин Штокер. Во својата прва сезона со Базел го освоил Купот на Швајцарија, иако во финалето добиено со 2-1 против Тун, тој останал неискористена замена. Својот прв гол за Базел го постигнал на 25 септември 2019 година, во победата со 4-0 над Цирих на Сент Јакоб Парк. На 22 септември 2020, Базел трајно го купил Жегрова, потпишувајќи договор со играчот на три години. За швајцарскиот клуб играл до почетокот на 2022 година, забележувајќи 74 настапи и 11 гола.
Лил и Јувентус На 14 јануари 2022, Жегрова потпишал четиригодишен договор со францускиот клуб ,EDON ZHEGROVA, UN NOUVEAU TALENT CHEZ LES DOGUES losc.fr кој за него му платил на Базел 7 милиони евра. Својот прв настап за Лил го имал на 6 февруари во поразот од 1-5 на домашен терен од Париз Сен Жермен, заменувајќи го Жонатан Бамба во 85-тата минута. Околу месец дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за „мастифите“ во четвртиот настап за клубот, погодувајќи ја мрежата на Клермон во победата со 4-0 во Лига 1. Во сезоната 2023-2024, неговата најдобра во кариерата, Жегрова постигнал вкупно 12 голови во сите натпреварувања и му помогнал на Лил да избори пласман во Лигата на шампионите. Следната сезона, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, во победата со 3-1 над Атлетико Мадрид во Шпанија. Иако одлично ја започнал сезоната, постигнувајќи 8 гола во 21 настап, тој ја пропуштил целата втора половина од истата, поради повреда на адукторот, со која се здобил за време на натпреварот против Олимпик Марсеј на 14 декември 2024 година. Вкупно во дресот на Лил одиграл 107 натпревари и постигнал 26 гола.
На 1 септември 2025 година, Жегрова бил купен од за сума од 15,5 милиони евра, потпишувајќи договор со италијанскиот клуб со важност до 30 јуни 2030 година. Своето деби за „бјанконерите“ го имал на 16 септември, во ремито 4-4 против Борусија Дортмунд во првото коло од првенствената фаза на Лигата на шампионите, заменувајќи го Кенан Јилдиз во 87-мата минута од натпреварот. Четири дена подоцна, тој дебитирал во Серија А, заменувајќи го Жоао Марио во гостинскиот натпреварот против Хелас Верона кој завршил со резултат 1-1.
Репрезентативна кариера Поради етничката припадност, Жегрова имал можност да го носи националниот дрес на репрезентацијата на Албанија, но подоцна се одлучил да го претставува Косово. Својот прв повик во косовската репрезентацијата го добил на 19 март 2018,Challandes makes public the list of players for the March friendly matches ffk-kosova.com а на 24 март го направил своето деби, одбележувајќи го со првиот погодок, во успехот со 2-0 над Мадагаскар во пријателски натпревар.
Хроноогија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 27 септември 2025.
СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 ПЛ 13 1 КБ 2 0 - - - - - - 15 1 2018-фев. 2019 ПЛ 7 1 КБ 1 1 ЛЕ 4 2 - - - 12 4Вкупно Генк 20 2 3 1 4 2 - - 27 5 фев.-јун. 2019 СЛ 8 0 КШ 1 0 ЛШ+ЛЕ - - - - - 9 0 2019-2020 СЛ 10 2 КШ 1 0 ЛШ+ЛЕ 0+3 0 - - - 14 2 2020-2021 СЛ 30 5 КШ 1 0 ЛЕ 1Во квалификациските кола. 0 - - - 32 5 2021-јан. 2022 СЛ 12 2 КШ 0 0 ЛК 73 настапи во квалификациските кола. 2 - - - 19 4Вкупно Базел 60 9 3 0 11 2 - - 74 11 јан.-јун. 2022 Л1 13 2 КФ - - ЛШ 1 0 - - - 14 2 2022-2023 Л1 22 3 КФ 3 1 - - - - - - 25 4 2023-2024 Л1 33 6 КФ 3 3 ЛК 112 настапи во квалификациските кола. 31 гол во квалификациските кола. - - - 47 12 2024-2025 Л1 12 4 КФ - - ЛШ 94 настапи во квалификациските кола. 43 гола во квалификациските кола. - - - 21 8Вкупно Лил 80 15 6 4 21 7 - - 107 26 сеп. 2025-2026 А 2 0 КИ - - ЛШ 1 0 - - - 3 0Вкупно во кариерата 162 26 12 5 36 11 - - 211 42
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Косово201882201990202050202120202241202361202481Вкупно425
Наводи
Надворешни врски
Едон Жегрова на soccerway Едон Жегрова на transfermarkt Едон Жегрова на espn Едон Жегрова на whoscored
Категорија:Косовски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Базел Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1999 година