Самуел Есенде (роден на , во Монфермеј) – француско-конгоански фудбалер, напаѓач на Аугсбург и на репрезентацијата на ДР Конго.

Клупска кариера Есенде се приклучил на Академијата на Париз Сен Жермен на 12-годишна возраст и ја поминал целата своја младинска фудбалска кариера во клубот. На 10 август 2018 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со Париз Сен Жермен со важност до 1 јуни 2021 година, сепак правејќи настапи само за вториот тим во четвртото ниво на францускиот фудбал.

На 22 август 2018 година, Есенде бил позајмен на екипата на Ојпен во Белгија. Тој го имал своето професионално деби со Ојпен во победата со 1–0 над Р. Е. Мускрон на 25 август 2018 година.

Во август 2021 година, тој се приклучил на францускиот третолигаш Авранш, каде останал две години. Во летото 2021, тој потпишал за екипата на По со која настапувал една сезона во Лига 2, каде на 32 натпревари постигнал 7 гола. Следната година потпишал за Кан, кој се натпреварувал во истата дивизија, забележувајќи 28 настапи и 4 гола во сезоната 2022-2023.

На 20 јули 2023, Есенде бил позајмен на португалскиот клуб од Примеира лига, . Во дресот на Визела, тој ја одиграл најдобрата сезона во кариерата постигнувајќи 15 гола во првенството, но и покрај тоа што во јануари клубот го откупил од Кан на крајот на сезоната морал да го продаде напаѓачот поради испаѓањето од лигата.

На 28 јуни 2024 година, Есенде потпишал четиригодишен договор со германскиот клуб Аугсбург. Тој постигнал гол, на неговото деби во Бундеслигата, во ремито 2–2 против Вердер Бремен.

Репрезентативна кариера Откако во 2024 година се согласил да го претставува ДР Конго, земјата на неговото потекло, тој го направил своето деби за репрезентацијата на 6 јуни 2024 година, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против , што завршил 1-1. Својот прв гол за ДР Конго го постигнал на 5 јуни 2025, во победата со 1-0 над во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 19 јануари 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015-2016 Париз Сен Жермен 2 АПФ 2 0 - - - - - - - - - 2 0 2016-2017 АПФ 19 2 - - - - - - - - - 19 2 2017-2018 НПФ2 14 3 - - - - - - - - - 14 3Вкупно Париз Сен Жермен 2 35 5 - - - - - - 35 5 2018-2019 Ојпен ПЛ 16 0 КБ 3 0 - - - - - - 19 0 2019-2020 Авранш НПФ 18 3 КФ 2 1 - - - - - - 20 4 2020-2021 НПФ 27 8 КФ 3 4 - - - - - - 30 12Вкупно Авранш 45 11 5 5 - - - - 50 16 2021-2022 По Л2 32 7 КФ 1 1 - - - - - - 33 8 2022-2023 Л2 28 4 КФ 2 0 - - - - - - 30 4 2023-2024 ПЛ 31 15 КП+ЛКП 3+1 1+0 - - - - - - 35 16 2024-2025 БЛ 29 7 КГ 4 3 - - - - - - 19 8Вкупно во кариерата 216 49 19 10 - - - - 235 59

Наводи

Надворешни врски

Самуел Есенде на soccerway Самуел Есенде на transfermarkt Самуел Есенде на espn Самуел Есенде на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери од ДР Конго Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на СМ Кан Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург