„Портретот на Уголино Мартели“ — слика од италијанскиот уметник Ањоло ди Козимо, познат како Бронsино, изработена во 1536 или 1537 година. Сега се наоѓа во Уметничката галерија во Берлин, Германија. Делото е потпишано со „БРОНЅО ФИОРЕНТИНО“ на работ од таблата.
Уголино Мартели (1519-1592) бил фирентински аристократ, хуманист и лингвист, чиј семеен палацо може да се види во позадината на сликата. Мермерниот Давид од семејната колекција се појавува во заднината. Порано му се припишувал на Донатело, додека сега му се припишува на Антонио или Бернардо Роселино и датира помеѓу околу 1461 и 1479 година. Најраниот спомен на скулптурата е во приватните записи на Луиџи д'Уголино Мартели, дедото на Уголино, во пописот на неговите поседи започнат во 1488 година. Сега се наоѓа во Националната галерија во Вашингтон. Давид бил традиционален симбол на фирентинската слобода и може да биде алузија на приврзаноста на Мартели кон градската Републиканска партија.
На бирото на научникот може да се види копија од Хомеровата „Илијада“, напишана на грчки јазик, свртена кон читателот. Отворена е на почетокот од деветтата книга, „Амбасадата кај Ахил“. Втората книга, од која е видлив само еден агол, е напишан со „MARO“, што укажува на латинскиот поет Публиј Вергилиј Маро, попознат како Вергилиј. Левата рака на Уголино е потпрена на дело од Пјетро Бембо, чии сонети биле напишани на народен јазик. Уголино држел предавања за Бембо и го запознал до 1539 година. лево|мини|Портрет на Уголино Мартели, масло на табла, 91,4 x 68 см. Национална галерија на уметности Друг портрет на Уголино Мартели сега е во Националната галерија на уметности во Вашингтон. Порано се сметало дека е дело на Понтормо, но сега се верува дека е дело на тесно поврзан сликар.
Наводи
Категорија:Уметнички слики од 1530-тите Категорија:Портрети на мажи Категорија:Портрети од Бронѕино Категорија:Книги во уметноста