„Човекот кој знаеше премногу“ (англиски: The Man Who Knew Too Much) — американски филм од 1956 година, во режија на Алфред Хичкок. Главните улоги ги играат: Џејмс Стјуарт, Дорис Деј и Бренда де Банзи.Човек који је сувише знао (пристапено на 30.9.2025)
Содржина Додека учествува на медицинска конференција во Париз, американскиот лекар д-р Бен Мaкена, заедно са супругата и со синот Хенк, оди на излет во Маракеш, во Мароко. Патувајќи кон Маракеш, во автобусот го запознава Французинот Луј Бернар. Утрдента, на пазарот, претворен во Арап, Луј му приоѓа на Бен са нож забоден во грбот. Пред да умре, Луј му шепнува на Бен дека во Лондон ќе биде извршен атентат на еден државник. Бен не сака таа информација да ѝ ја каже на власта, зашто дознава дека неговиот син Хенк го грабнал брачниот пар од Британија, Едвард и Луси Дрејтон. Луѓето за кои работи брачниот пар Дрејтон се закануваат дека ќе го убијат Хенк, ако Бен открие нешто од она што му го кажал Луј Бернар. Бен и сопругата заминуваат во Лондон со намера да го спречат атентатот и да го пронајдат Хенк.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1956 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Алфред Хичкок Категорија:Филмови со Џејмс Стјуарт Категорија:Филмови со Дорис Деј Категорија:Филмови со Бренда де Банзи Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Мароко Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Трилери