Фредерик Луис Мекнис (роден на 12 септември 1907 - починал на 3 септември 1963) — ирски поет, драматург и продуцент на Би-Би-Си. Познат по истражувањето на интроспекција, емпиризам и припадност, неговото поетско дело денес се смета за меѓу најголемите на 20 век. И покрај тоа што е познат како член на Оденската Група, тој бил и независно успешен (иако повремено занемарен) поет со влијателен опус, кој е полн со теми почнувајќи од верата до смртноста. Неговото творештво било ценето од јавноста за време на неговиот живот, делумно поради неговиот опуштен, но социјално и емоционално свесен стил. Никогаш толку отворено или едноставно политички како некои од неговите современици, тој изразиил хумано противење на тоталитаризмот, како и акутна свест за своите корени.

Мекнис бил награден соорденот Ред на Британската Империја на новогодишниот список на почести во 1958 година.

Живот Ирска, 1907–1917 мини|Плоча на местото каде што се наоѓал домот од детството на Мекнис во Карикфергус Луис Мекнис (познат како Фреди до тинејџерските години, кога го усвоил средното име) е роден во Белфаст, како најмлад син на Џон Фредерик и Елизабет Маргарет („Лили“) Мекнис. И двајцата потекнувале од западна Ирска. Таткото на Мекнис, англикански свештеник, подоцна станал епископ во Црквата на Ирска, а неговата мајка Елизабет, моминско презиме Клешан, потекнувала од Балимаконри, Конемара, Голвеј и била учителка. Семејството се преселило во Карикфергус, Антрим, набргу по раѓањето на Мекнис.

Кога Мекнис имал шест години, неговата мајка била примена во дом за стари лица во Даблин, страдајќи од тешко депресивно растројство и тој повеќе не ја видел. Таа преживеала рак на матката, но починала од туберкулоза во декември 1914 година. Мекнис подоцна ја опишал причината за смртта на неговата мајка како „нејасна“ и го обвинил ракот на неговата мајка поради неговото тешко породување. Неговиот брат Вилијам, кој имал даунов синдром, бил испратен да живее во институција во Шкотска за време на терминалната болест на неговата мајка. Во 1917 година, неговиот татко се преженил со Џорџина Грир, а сестрата на Мекнис, Елизабет, била испратена да се смести во подготвително училиште во Шерборн, Англија. Мекнис ѝ се придружила во подготвителното училиште подоцна истата година.

Училиште, 1917–1926 Мекнис генерално бил среќен во Шерборн, каде што му се давало образование фокусирано на класиците (грчки и латински) и книжевноста (вклучувајќи меморирање на поезија). Тој бил ентузијастички спортист, нешто што продолжило кога се преселил во Марлборовскиот колеџ во 1921 година, откако добил класична стипендија. Марлборо бил помалку среќно место, со хиерархиска, а понекогаш и сурова општествена структура, но интересот на Мекнис за античката книжевност и цивилизација се продлабочил и проширил за да ги вклучи египетската и нордиската митологија. Во 1922 година, бил поканет да се приклучи на тајното „Друштво на пријатели“ на Марлборо каде што бил современик на Џон Бетџеман и Ентони Блант, формирајќи доживотно пријателство со вториот. Тој исто така пишувал поезија и есеи за училишните списанија. До крајот на своето време во училиштето, Мекнис ја делел студијата со Блант и ги споделувал неговите естетски, но не и неговите сексуални вкусови; Блант рекол дека Мекнис бил „тотално, непоправливо хетеросексуален“. Во ноември 1925 година, на Мекнис му била доделена позиција на постмастер на Мертонскиот колеџ во Оксфорд, и го напуштил Марлборо во летото следната година. Тој го оставил зад себе своето родено име Фредерик, својот акцент и верата на татко му, иако никогаш не го изгубил чувството за својата ирска припадност; (радио премиерата на Би-Би-Си на „Темната кула“ од Мекнис во јануари 1946 година, претходела од десетминутното претставување на поетот со неговиот препознатлив алстерски акцент.)

Оксфорд, 1926–1930 За време на неговата прва година како студент на Оксфорд, Мекнис првпат го запознал Вистан Хју Оден, кој стекнал репутација како најистакнат поет на универзитетот во текот на претходната година. Стивен Спендер и Сесил Деј-Луис веќе биле дел од т.н. Оденов круг, но најблиските пријатели на Мекнис од Оксфорд биле Џон Хилтон, Кристофер Холм и Греам Шепард, кои биле со него во Марлборо. Мекнис се фрлил во естетската култура, објавувајќи поезија во книжевните списанија „The Cherwell“ и „Sir Galahad“, организирајќи читања на Шели и Марлоу под свеќи и посетувајќи го Париз со Хилтон. Оден станал доживотен пријател кој го инспирирал Мекнис сериозно да се занимава со поезија.

Во 1928 година, тој бил запознаен со класичниот дон Џон Бизли и неговата посвоена ќерка Мери Езра. Една година подоцна, тој помислил да ја ублажи веста дека бил уапсен поради пијанство, така што му телеграфирал на својот татко дека е свршен со Мери. Џон Мекнис (до тој момент архиѓакон од Конор, а неколку години подоцна епископ) бил ужаснат кога открил дека неговиот син е свршен со Еврејка, додека семејството на Езра барало гаранции дека дауновиот синдром на братот на Луис не е наследен. Среде овие превирања, Мекнис објавил четири песни во „Оксфордска поезија“ во 1929 година и неговата прва збирка за додипломски студии „Слепиот огномет“ (1929). Објавена од Gollancz, томот бил посветен на „Џована“ (целото име на Мери било Џована Мери Тереза Бабет). Во 1930 година, двојката се венчала во Оксфордската матична служба, при што ниту еден од родителите не присуствувал на церемонијата. Тој бил награден со диплома од прва класа по хуманитарна книжевност, и веќе бил назначен за асистент предавач по класични студии на Бирмингемскиот универзитет.

Бирмингем, 1930–1936 На младенците им било пронајдено сместување во Бирмингем од Ерик Додс (професор по грчки јазик и иден книжевенизвршител на Мекнис) и неговата сопруга Бет. Бет била предавач на Катедрата за англиски јазик. Мекнисеви живееле куќа во Сели Парк што му припаѓала на друг професор, Филип Сарџант Флоренс. Бирмингем бил многу различен универзитет (и град) од Оксфорд, Мекнис не бил роден предавач и му било тешко да пишува поезија. Наместо тоа, тој се свртел кон полуавтобиографски роман, „Кружен пат“, кој бил објавен во 1932 година под името Луис Малоун, бидејќи се плашел дека роман од академик нема да биде позитивно оценет. Тој сметал дека брачниот живот не му помага на неговата поезија: „Да се пишуваат песни што изразуваат сомнеж или меланхолија, анархистичка концепција за слобода или носталгија за отворените простори (а тоа беа работите што сакав да ги изразам), ѝ изгледаше нелојално на Мариет. Наместо тоа, бев нелојален кон себе, напишав роман кој наводно е идила на семејна среќа. Како што предвидовме, романот не беше добро примен.“

Во местното класично здружение членувал Џорџ Августус Оден, професор по јавно здравје и татко на Вистан Хју Оден, а до 1932 година, познанството на Мекнис и Оден од Оксфорд се претворило во блиско пријателство. Оден познавал многу марксисти, а Блант дотогаш станал и комунист, но Мекнис, иако симпатизер на левицата, секогаш бил скептичен кон лесните одговори и „реформистите од фотелја“. „Синовите се лажни“ (напишана во времето на пактот Молотов-Рибентроп) ја опишува неговата желба за промена во општеството, па дури и револуција, но и неговото интелектуално спротивставување на марксизмот, а особено на комунизмот што го прифатиле многу негови пријатели.

Мекнис повторно започнал да пишува поезија, а во јануари 1933 година, тој и Оден го предводеле првото издание на списанието „New Verse“ на Џефри Григсон. Мекнис, исто така, почнал да испраќа песни до омас Елиот во тоа време, и иако Елиот не сметал дека тие заслужуваат Фабер и Фабер да објават збирка песни, неколку биле објавени во списанието на Елиот „The Criterion“. На 15 мај 1934 година, се родил синот на Луис и Мери, Даниел Џон Мекнис. Во септември истата година, Мекнис заминал во Даблин со Додс, кој имал републикански симпатии, и се сретнал со Вилијам Батлер Јејтс. По неуспешните обиди за пишување драма и уште еден роман, во септември 1935 година следувала „Поеми“, првата од неговите збирки за Фабер и Фабер, кои ќе останат негови издавачи. Ова му помогнало на Мекнис да се етаблира како еден од новите поети од 1930-тите.

Во ноември, Мери ги оставила Мекнис и нивниот син кој бил уште мал, поради еден руско-американски постдипломски студент по име Чарлс Кацман, кој престојувал кај семејството. Мекнис ангажирал медицинска сестра да се грижи за Ден, а неговата сестра и маќеа исто така помагале повремено. На почетокот на 1936 година, Блант и Мекнис ја посетиле Шпанија, кратко по изборот на владата на Народниот фронт. Оден и Мекнис заминале во Исланд во летото истата година, што резултирало со издавање на „Писма од Исланд“, збирка песни, писма (некои во стихови) и есеи. Во октомври, Мекнис го напуштил Бирмингем за да работи како предавач на Одделот за грчки јазик на Женскиот бедфордски колеџ, дел од Лондонскиот универзитет.

Лондон, 1936–1940 Мекнис бил претставен во две високопрофилни збирки со современа поезија од 1936 година. Книгата на современи стихови на Фабер, уредена од младиот писател и критичар Мајкл Робертс, ги печати „Еклога за Божиќ“, „Неделно утро“, „Персеј“, „Доверителот“ и „Снег“ од Мекнис кон крајот на приближно хронолошката книга. Korte, Schneider and Lethbridge (2000), Anthologies of British Poetry: Critical Perspectives from Literary and Cultural Studies, Faber Book of Modern Verse (1936). Editions Rodopi B.V. pp. 156–164 Во книгата, Мекнис е сместен меѓу другите од новата Оденова група, претставувајќи верзија на модернизмот во која Елиот е ѕвездата. Мекнис и неговата група биле претставени и во „Оксфордската книга на современи стихови 1892–1935“, уредена од Јејтс. Оваа збирка генерално ги исклучувала американските поети и била помалку добро прифатена од критиката, но веднаш станала бестселер.

Мекнис се преселил во поранешниот стан на Џефри Григсон во Хемпстед со Даниел и неговата медицинска сестра. Неговиот превод на „Агамемнон“ од Есхил бил објавен кон крајот на 1936 година, а во продукција на „Груп Театар“. Кратко потоа бил финализиран неговиот развод од Мери. Тие продолжиле да си пишуваат чести писма еден на друг, иако Мери се омажила за Кацман кратко по разводот.

Мекнис започнал афера со Ненси Колдстрим. Ненси, како и нејзиниот сопруг Бил, била сликарка и пријателка на Оден, кој го запознал парот со Мекнис додека биле во Бирмингем. Мекнис и Ненси ги посетиле Хебридите во 1937 година, што резултирало со издавање на прозна книга и стихови напишана од Мекнис со илустрации од Ненси, „Го преминав Минч“. На стр. 157 од „Го преминав Минч“, Мекнис пишува дека ја напишал „Напуштајќи ја Бара“ (Поеми, 1937) седејќи на лежалка во крмата на брод. Завршните стихови, а особено завршниот ред на оваа песна, „Додека си жив без прашање, како сјајот на морето, моја мила“, се совпаѓа со неговиот текст во „Синовите се лажни“, стр. 171, за времето поминато во 1937 година со некого „од сите луѓе што ги познавав, таа би можела да биде најсјајна“. Тој исто така пишува дека таа „можела да биде тажна како затемнет Лондон“, но дека „не жалам за часовите и часовите расправии и меланхолија, неодговорливите оплакувања на некој што сакал да биде среќен на начин што едноставно не бил практичен“. Ненси насликала портрет од Мекнис.

Во август 1937 година се појавила „Писма од Исланд“ (која двајцата автори ја завршиле во домот на Мекнис во Лондон претходната година), а кон крајот на годината била објавена и продуцирана претстава „Надвор од сликата“ од „Груп театар“. Музиката за продукцијата ја напишал Бенџамин Бритен, како што претходно направил и за „Агамемнон“. Во 1938 година, Фабер и Фабер објавиле втора збирка песни, „Земјата наметнува“, „Oxford University Press“ ја објавил „Современа поезија“, а Ненси повторно придонел со илустрации за книга за зоолошката градина во Лондон, наречена едноставно „Зоолошка градина“.