мини|Корица на првиот том од втората наративна арка на Re:Zero - Starting Life in Another World, пример за манга исекаи.|311x311пкс Исекаи (, со значење „Друг свет“ или „Поинаков свет“) — популарен јапонски поджанр на фантазијата и научната фантастика. Овој поджанр е застапен во аниме, лесни романи, манги и видеоигри, а неговиот главен заплет се врти околу една личност или група што е пренесена или попаѓа во некој нов свет. Овој „друг свет“ може да биде сѐ, од класичен свет на фантазија, преку виртуелна реалност или паралелна вселена, па сѐ до друга планета или различен историски период. Главната тема на делата исекаи е како главните ликови мораат да се прилагодат и асимилираат на сосема новите и често опасни услови.
Концептот на пренесување во друг свет не е нов; тој потекнува од стари народни приказни како што е јапонската приказна за Урашима Таро. Меѓутоа, првите дела што го воспоставиле жанрот во современ облик се романот Воин од друг свет од Харука Такачихо и телевизиската серија Aura Battler Dunbine од Јошијуки Томино.
Особености Заплетите на исекаи можат да се поделат на два главни вида: пренесување во друг свет (јап. 異世界転移) и прераѓање во друг свет (јап. 異世界転生). Првиот вид, каде што главниот јунак е едноставно пренесен во нов свет, бил почест во раните дела. Додека вториот вид, каде што јунакот умира во својот првобитен свет и се прераѓа во друг (или се вселува во веќе постоечко тело во новиот свет), станал позастапен во последно време.
Светот во кој што главниот јунак попаѓа може да биде буквално нов свет — на пример, алтернативна планета или паралелна реалност. Исто така, може да биде нов само за главниот јунак, сместен во историска поставеност на реалниот свет, или пак целосно измислен, каде што јунакот се буди во тело на лик од некоја книга, филм или видеоигра.
Наводи
Надворешни врски
The History of Isekai Fantasy Novels
Категорија:Поими во аниме и манга Категорија:Жанрови на фантастика Категорија:Жанрови на научна фантастика __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__