Повелба „д-р Трифун Пановски“ – признание на Македонското лекарско друштво воспоставено во 1985 година. Истото им се доделува на членови на МЛД за исклучителни резултати постигнати во подолго временско раздобје во унапредувањето на медицинската наука и практика, во развојот на здравствената служба, како и во остварувањето на целите на МЛД.
Добитници на повелбата 2024 Повелбата за 2024 година е доделена на Светскиот ден на здравјето, 7 април 2025, на следниве лекари: д-р спец. Миодраг Миленковиќ проф. д-р Биљана Јанеска прим. д-р Томислав Петровски проф. д-р Михаил Кочубовски прим. д-р Ирина Проданова проф. д-р Светлана Андон Кочева д-р Весна Семенакова проф. д-р Скендер Саиди проф. д-р Катерина Тошеска Трајковска
2023 Повелбата за 2023 година е доделена на Светскиот ден на здравјето, 7 април 2024, на следниве лекари: прим. д-р Елизабета Цонева проф. д-р Сашо Дохчев проф. д-р Јордан Минов проф. д-р Љубе Ивковски проф. д-р Милка Здравковска д-р Ани Видоевска проф. д-р Ирена Кондова прим. д-р Весна Деловска проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ прим. д-р Лилјана Котлар
Наводи
Категорија:Македонски награди Категорија:Појавено во 1985 година во Македонија