Рајко Васиќ (роден на 2 јули 1952 година во Осјечани во близина на Добој, ФНРЈ) е српски новинар, политиколог, политичар и писател. Тој е поранешен министер за информации, директор на Бирото за односи со јавноста на Владата на Република Српска и извршен секретар на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).
Живот Рајко (Живко) Васиќ бил роден на 2 јули 1952 година во Осјечани во близина на Добој, ФНРЈ. Основно училиште завршил во родното место а средно во Добој. Студирал новинарство во Белград, а во 1975 година дипломирал на Факултетот за политички науки со звање политиколог новинарски смер. Како новинар пишувал за НИН, бањалучкиот Глас („Глас Српске)“, сараевскиот „Ослобоѓење“ и други весници. Учествувал во војните од 1 ноември 1991 година до крајот на април 1996 година.
Бил министер за информирање во Владата на Република Српска и директор на Бирото за односи со јавноста од 1998 до 2000 година. Извршувал должност на секретар на Сојузот на независни социјалдемократи, но поднел оставка од таа функција во јуни 2013 година поради реакции на колумна која ја објавил на својот блог, во која ги нарекол бањалучките студентите кои протестирале барајќи изградба на четвртиот павилјон во студентскиот дом „Никола Тесла“, „копилиња“ и „инструирани стилисти во проба на масовни сцени“.
Дела Неговиот роман „Прсти на луди очи“ влегол во потесен избор за Ниновата и Виталовата награда за 2009 година.
Томанова грата на сенки, роман, Бесједа, Бања Лука (2012); Арс Либри, Белград (2012), Прсти на лудите очи, роман, (прво издание, Фондација „Петар Кочиќ“, Бања Лука - Белград 2009); (второ издание Бања Лука 2009); (трето издание Бања Лука 2010); (четврто издание, Свет књиге, Белград 2011); Населба, Бања Лука (2010), БиХ за далтонисти, Бања Лука (2009), Сараевскиот атентат врз Мирослав Лајчак, Бања Лука (2008) Есенесдум, Бања Лука (2007), Босна и Херцеговина не постои, Бања Лука (2006), 101 околу Велибор Рајчевиќ, Бања Лука (1999), Цицвара и мед, Бања Лука (2013), Политичка партија со перманентни изборни активности, политичка студија, Бања Лука (2014), Страв од љубов, Бања Лука (2020).
Наводи
Надворешни врски
Блогот на Рајко Васиќ
Категорија:Политичари од Република Српска Категорија:Српски писатели Категорија:Српски политиколози Категорија:Српски новинари Категорија:Родени во 1952 година