Радош Косовиќ (Белград, 28 мај 1984) е српски преведувач и писател.

Биографија Радош Косовиќ е роден во Белград на 28 мај 1984 година. Пораснал во својот роден град и посетувал Филолошка гимназија. Потоа почнал да студира норвешки и дански јазик и литература на Филолошкиот факултет во Белград и завршил мастер на Универзитетот во Агдер во Кристијансанд во 2010 година.Биографија , Издавачка кућа Одисеја, Приступљено 17. новембар 2019.

Предавач е во Конктекст центарот за странски јазици во Белград. Превел веќе неколку десетици книги од норвешки и дански автори на српски јазик. Член е на Здружението на книжевни преведувачи на Србија.

Косовиќ бил прогласен за преведувач на месецот за октомври 2021 година од организацијата НОРЛА, која ја финансира норвешкото Министерство за култура.

Косовиќ е исто така автор и на две свои дела: романот „Карневал“ и збирката раскази „Еремити“ .

Награди и признанија

Награда „Малиот Немо“ за 2011 година. Награда „Александар И. Спасиќ“ 2015 година. Награда „Милош Н. Ѓуриќ“ 2015 година.

Наводи

Категорија:Српски преведувачи Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во 1984 година