„Визија на бедеми“ — роман од 1965 година од Ентони Берџес, базиран на неговите искуства за време на Втората светска војна во Гибралтар, каде што тој служел во британската армија. Тоа е првиот роман на Берџес, иако не бил објавен до 1965 година, Берџес го напишал во 1949 година. Како што објаснува во воведот на романот, „Немав музика во себе но имав жар да создавам. Па затоа го напишав овој роман... за да видам дали можам да ја исчистам главата од мртвата тежина на Гибралтар“.
Заплет
Приказната се темели на искуството на Берџес кој бил поставен во Гибралтар за време на Втората светска војна и ги сатиризира традиционалните поими за борбено херојство преку пародирање на „Енеида“. Антихеројот Ричард Енис го зазема местото на Енеј.
Насловот, покрај неговите поврзаности со Гибралтар, содржи и наводи за изгледот на одредени предмети во окото на некој што страда од астигматизам.
Наводи
Категорија:Романи од Ентони Берџес Категорија:Британски романи