Драгомир Драгиша Васиќ (Горњи Милановац, 2 октомври 1885 – концентрационен логор Стара Градишка, април 1945) бил српски и југословенски политичар, академик, адвокат, раскажувач, романописец, есеист и новинар. Во меѓувоениот период бил член на Републиканската партија и потпретседател на Српскиот културен клуб.

На почетокот на Втората светска војна се приклучил на четничкото движење на Дража Михајловиќ, каде што меѓу неговите поддржувачи бил познат како Чича Драгиша. Бил еден од најистакнатите членови на четничкиот Централен национален комитет. Кон крајот на војната, се одвоил од Михајловиќ и отишол со Павле Ѓуришиќ кон Словенија. Се предал на усташите по Битката кај Лијевче поле и бил убиен во логорот Стара Градишка.

Биографија

Младост мини|170x170пкс|Дража во разговор со Драгиша Васиќ Драгиша Васиќ бил роден во Горњи Милановац на 2 септември 1885 година од татко Виќентије (1849–1923), трговец, и мајка Христина (1857–1945), родена Зисиќ. Таму завршил основно училиште и гимназија пред да се пресели во Белград за да студира право. Како млад човек, бил испратен да се школува во Белград. Пред почетокот на Првата светска војна студирал литература и право. Бил професор по литература и правник во Белград. Рано останал вдовец. Првата сопруга Радмила била ќерка на политичарот Стојан Рибарац. Драгиша Васиќ бил голем поддржувач на организацијата „Црна рака“. По татко бил по потекло од селото Горња Трепча кај Чачак. Втората сопруга Наталија предавала во гимназијата во Аранѓеловац.

Втората светска војна Се борел во Балканските војни и учествувал во Кумановската и Брегалничката битка. Во Првата светска војна отишол со чин резервен поручник во војската на Кралството Србија. Продолжил да служи во Српската армија во текот на Првата светска војна и се борел во Колубарската битка во ноември и декември 1914 година. Се повлекол со српската армија преку Албанија во зимата 1915 и 1916 година и се истоварил на грчкиот остров Крф, од каде бил префрлен на Солунскиот фронт. До 1917 година се разочарал од династијата Караѓорѓевиќ по Солунскиот процес, на кој роднината на Васиќ, Љубомир Вуловиќ како член на Црна рака, бил осуден за наводен атентат на регентот Александар. Протестирал кај тогашниот премиер Пашиќ, полковникот Драгутин Димитријевиќ Апис да биде пуштен на ослобода. Од војната се вратил со чин капетан во резерва. Васиќ бил противник на твортците во српската култура кои сметале дека српското гледиште (рационален интерес, а не културен ексклузивизам) е некаков негативен, затворен или провинциски концепт.

Меѓувоен период Васиќ бил демобилизиран на крајот од војната во ноември 1918 година и ја напуштил војската со чин капетан во резерва. Се приклучил Народната радикалната партија и станал еден од уредниците на независниот весник „Прогрес“. Властите реагирале на неговите постапки со негово повторно мобилизирање. Васиќ учествувал во воени вежби во близина на границата со Албанија, а подоцна бил преместен во 30-тиот пешадиски полк, кој учествувал во задушувањето на востанието во северна Албанија.

Својата идна сопруга ја запознал во Горњи Милановац. Од тој брак се родила неговата ќерка Татјана. Заедно со неговата идна сопруга, се вратил повторно во Белград, каде што таа почнала да предава литература во една белградска гимназија. Се занимавал со пишување и историски дела. Бурниот мајски државен удар и убиството на последниот Обреновиќ го овековечил во својата книга „Деветсто и трета“ (1920). Детали за убиството на последниот Обреновиќ му дал поручникот Велимир Веми, кој едвај спасил жива глава на Солунскиот процес. Преминувањето на српската војска низ Албанија го овековечил во својата книга раскази „Замолчено кандило“ (1922).

Со адвокатура почнал да се занимава во Белград во 1921 година, а во јануари 1922 година, на Видовданскиот процес, бранел неколку комунисти обвинети дека се обиделе да го убијат кралот Александар I. Во исто време, станал добар пријател со академикот Слободан Јовановиќ, кој во тоа време бил противник на Радикалната партија на Никола Пашиќ. Во 1922 година, Васиќ станал близок пријател со хрватскиот писател Мирослав Крлежа, кој редовно придонесувал во васиќевото списанието „Књижевна република“. Со Владислав Рибникар и Сретен Стојановиќ, го посетил Советскиот Сојуз во 1925 година. Кон крајот на 1928 година, станал еден од уредниците на левичарското списание „Нова литература“. До воспоставувањето на Шестојануарската диктатурата на 9 јануари 1929 година, Васиќ се сметал за симпатизер на комунистите поради неговото разочарување од повоената политичка сцена на Кралството Југославија. Ги искористил своите врски со претседателот на владата, генерал Петар Живковиќ, за да го ослободи Ѓуро Цвијиќ, поранешен водач на КПЈ, кој бил осуден на смрт од страна на властите. Васиќ бил член на Српската академија на уметностите и науките, а на 12 февруари 1934 година станал дописен член на Академијата за убави уметности.

Неговите новинарски патописни репортажи реализирани помеѓу двете светски војни содржат естетски интенции во жанрот.

Васиќ ја напуштил Републиканската партија и со охрабрување од Јовановиќ, го основал националистичкиот Српски културен клуб во 1936 година. Подоцна станал негов потпретседател. Таму го запознал идниот поддржувач на четничкото движење д-р Стеван Мољевиќ, кој бил претседател на бањалучкиот одборот на клубот. Пред Втората светска војна, го уредувал списанието „Српски глас“. Застанал на страната на српските националисти за време на Конкордатската криза од 1938 година и се спротивставил на Договорот Цветковиќ-Мачек од август 1939 година, со кој на Хрватска ѝ била дадена поголема автономија во рамките на Кралството Југославија. Наводно Васиќ во тој период имал некои контакти со советската разузнавачка служба.

Во рамките на Српскиот литературен клуб активно работел на проектот „Српска земја“ со цел обединување на сите историски и етнички српски територии во српска административна единица во рамките на идната федерална Југославија.

Васиќ бил противник на српските културни дејци кои го сметале српското гледиште (рационален интерес, а не културен ексклузивизам) за негативен, затворен или провинциски концепт.

Втората светска војна

Заменик на Михаиловиќ мини|300x300пкс|Спомен плоча на местото каде се наоѓа родната куќа на Драгиша Васиќ во Рајиќевата улица во Горњи Милановац По почетокот на Априлската војна, Васиќ се нашол на патувања низ Црна Гора. Веднаш по капитулацијата на Југословенската армија, Васиќ заминал во родното место и се повлекол од јавниот живот.

По формирање на првите партизански одреди во Таковскиот срез, Драгиша Васиќ, плашејќи се дека ќе падне во нивните раце и дека ќе настрада поради своите предвоени полемики одлучува да се придружи на организацијата на полковникот Дража Михаиловиќ. Од своето село пишува неколку писма на Рамна Гора. По наредба на полковникот Михаиловиќ, мајорот Миодраг Палошевиќ и поручникот Звонимир Вучковиќ дошле со воловски кола по него преоблечени во селани во половината од август 1941. Веќе на 17 август Драгиша Васиќ стигнал во штабот на Дража Михаиловиќ во местото викано Бабина Глава на Рамна гора. Драгиша Васиќ со своите залагања и предлози многу бргу се наметнал на полковникот Михаиловиќ. Полковникот Михаиловиќ добро ги познавал превоените заслуги на Драгиша Васиќ па набргу го ставил во својот штаб како политички делегат и го внел и во својот Централен национален комитет. Михаиловиќ и другите четнички команданти, подеднакво како и цивилот Васиќ, биле крајно сомничави, па дури и антагонистички расположени кон професионалните политичари. Васиќ во првите две години бил еден од тројцата најважни членови на ЦНК, со бањалучкиот адвокат Стеван Мољевиќ и поранешниот колега на Васиќ адвокатот и исто така припадник на Републиканската партија Младен Жујовиќ. Тие тројцата го сочинувале Извршниот комитет на ЦНК во поголемиот дел од војната, а Васиќ бил посебно одреден како старешина на тричлена група, во која уште биле потполковник Драгослав Павловиќ и мајор Јездимир Дангиќ, која би го наследила Михаиловиќ на место водач на четничкото движење ако би му се случило нешто во некој момент 1941. Михаиловиќ го поставил Васиќ за претседател на ЦНК, но Васиќ не бил погодна личност за тоа поради својата личност и недостаток на политичко искуство. Практично сите членови на ЦНК и сите три члена на Извршниот одбор биле луѓе со повеќе големосрпски отколку општојугословенски политички погледи, а имале и мало или никакво политичко искуство. Централниот национален комитет го советувал Михаиловиќ по прашањата за внатрешната и надворешната политика и одржувал врски со цивилни приврзаници на четниците во Србија и другите области и се занимавал со пропаганда, што биле задачи за кои командантите на Михаиловиќ не биле прикладни личности. Васиќ станал практично десна рака на Михаиловиќ.

Васиќ станал еден од двајцата главни четнички идеолози, заедно со Мољевиќ. Почнал да изразува силни антикомунистички ставови и се спротивставувал на каква било соработка со Германците и Италијанците.

За време на привремената соработка меѓу партизанските и четничките одреди во западна Србија, Васиќ, во својство на четнички делегат за политички прашања, бил присутен на сите состаноци. Така, на вториот состанок, тој го препознал покраинскиот секретар на Ваљевскиот округ, Милош Миниќ, незавршен адвокат од Чачак, кој се претставувал под лажно име.

Драгиша Васиќ апсолутно се спротивставил на предлогот на полковник Михајловиќ за преименување на Кралската југословенска армија во Српска армија, објаснувајќи дека таа има поголем број офицери кои биле Хрвати, муслимани и Словенци, и дека четничкото движење е само продолжение на неуспешната Априлска војна на старата југословенска држава.

По заземањето на Горњи Милановац во септември 1941 година, Драгиша Васиќ го презел уредувањето на првиот весник на ЈВуО наречен „Слобода или смрт“.

Васиќ внимателно го евидентирал целиот свој престој на Рамна Гора од средината на август до крајот на октомври во својата прва историја. „Историја на Рамна Гора“ од Васиќ била искуцана на машина за пишување и имала 600 отчукани страници. Васиќ ја започнал својата книга со кратка историја на самата Рамна Гора, потоа пишувал за априлскиот колапс и капитулација, организацијата на Дража Михаиловиќ, преговорите со партизаните, а исто така ги изнел и свои забелешки. Ракописот на книгата „Историја на Рамна Гора“ не е зачуван.

Оваа историја останала некаде во Србија по повлекувањето на главните четнички одреди во декември 1941 година. Васиќ ја скрил за да не падне во рацете на Германците. Покрај книгата, првата скица од грбот на Врховната команда на четниците била скриена во пештера на Рамна Гора, која Германците ја пронашле и уништиле.

Во есен 1942 година, додека Михаиловиќ со својот штаб се наоѓал во Црна Гора во околината на Колашин, Васиќ бил во Србија и престојувал по селата од пожешкиот срез и околу Косјериќ. Поради наталожени и нерешени политички проблеми Михаиловиќ на 20 септембар 1942 година во својот штаб го повикал Васиќ и Мољевиќ. Тие на 10 ноември стигнале во четничката Врховна команда. Михаиловиќ разбрал дека пропагандта е од неизмерна важност и дома и во странство, па по формирањето на Врховна команда ЈВуО на 27 јули 1942 година Васиќ заедно со Стеван Мољевиќ бил задолжен за пропаганда. Васиќ бил на чело на тој отсек во 1942 година и во првата половина на 1943 година. По доаѓањето на Младен Жујовиќ во штабот на Врховна команда Михаиловиќ го образувал Извршнит одбор на ЦНК, во кој влегле Васиќ, Мољевиќ и Жујовиќ. Се до крајот на работата во четничката Врховна Команда сметан бил за втор човек на Равногорското движење, веднаш по генералот Михаиловиќ.