мини|259x259пкс|Микеланџело. Гревопаѓањето на Адам и Ева. Фрагмент од живописот на Сикстинската капела, 1508–1512. Гревопаѓање — поим заеднички за сите авраамски религии, кој означува прекршување на Божјата волја од страна на првиот човек. Овој чин довел до падот на човекот од состојба на највисоко, безгрешно и невино блаженство во состојба на страдање и грешност. Концептот се заснова на 3-та глава од книгата Битие.
Во Библијата Во книгата Битие, во 3-та глава е опишан настанот за протерувањето на првите луѓе (Адам и Ева) од Рајската градина, откако, прекршувајќи ја заповедта на Господ (еврејски: אֱלֹהִים, Елохим), вкусиле од Дрвото на познавање на доброто и злото (Бит. 3:1–7).
Адам бил предупреден дека вкусувањето на плодови од Дрвото на познавање на доброто и злото води кон смрт:
Ева (Бит. 2:22), како последица на дијалогот со змијата (еврејски: נָּחָשׁ, нахаш), вкусила од забранетиот плод и му дала да јаде на Адам, по што:
Последиците од прекршувањето на забраната и одбивањето на понуденото покајание биле: оштетување на создаденото (природата) и на човекот, протерување од рајот, губење на пристапот до Дрвото на животот и смртта.
Во јудаизмот се смета дека змијата искушувач е ангелот Самаил. Во христијанството, змијата искушувач се поистоветува со сатаната, врз основа на Откровението на Јован Богослов: „И беше фрлен големиот змеј, старата змија, која се вика ѓавол и сатана, кој го мами целиот свет, беше фрлен на земјата, а со него беа фрлени и ангелите негови“ (Откровение 12:9).
Наводи
Надворешни врски
The Fall, BBC Radio 4 Разговор со Мартин Палмер, Гризелда Полок и Џон Кери. (In Our Time, 8 април 2004) Категорија:Адам и Ева Категорија:Библиски изрази Категорија:Христијанска космологија Категорија:Христијанска митологија Категорија:Христијански поими Категорија:Исламска митологија Категорија:Еврејска митологија Категорија:Еврејско-христијански теми __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__