Мјеса — најголемо езеро во Норвешка и четврто најдлабоко во Норвешка и Европа. Се наоѓа во јужниот дел на Норвешка, околу 100 километри северно од градот Осло. Главната притока е реката Гудбрандсдалслоген која тече од север; единствената растока е реката Ворма на југ. Теоретски, полнењето на езерото со вода од притоката би траело 5,6 години. Со просечна длабочина од околу 150 метри, поголемиот дел од волуменот на езерото е под нивото на морето. Просечниот проток на езерото (мерен од 1931 до 1982 година) изнесува 316 кубни метри во секунда што е околу 9.959.000.000 кубни метри годишно. Мјеса содржи околу 56,2 км³ вода во споредба со 14,8 км³ во езерото Ресватнет, второто најголемо езеро по волумен во Норвешка.

Со надморска височина од околу 121 метар, длабочината на Мјеса значи дека најдлабокиот дел од езерото се наоѓа приближно 332 метри под нивото на морето. Ова е подлабоко од најдлабоката точка на морскиот залив Категат и подлабоко од големиот дел на Скагерак покрај јужниот брег на Норвешка. Мјеса во зима има поголема просечна длабочина од Северното и Балтичкото Море.

Томас Роберт Малтус патувал низ Норвешка во 1799 година и неговите дневници од патувањето вклучуваат опис на Мјеса. Малтус напишал дека Мјеса изгледа и како езеро и како река затоа што бреговите се дефинирани од планини, а каде што долината се проширува, водата го пополнува просторот. Под Минде (Минесунд) езерото изгледа само како река и на картата се нарекува Ворма, според Малтус.

Локација лево|мини|Карта со градовите Лилехамер (Север), Ѓовик (Запад) и Хамар (Исток) Од најјужната точка во Минесунд во општината Еидсвол до најсеверната точка во општината Лилехамер, езерото Мјеса е долго 117 километри. Најшироко е во близина на градот Хамар, каде што е широко 9 километри. Неговата површина изнесува 369 квадратни километри, а неговиот волумен се проценува на 56 км³; нормално површината му е на надморска височина од околу 121-123 метри, а најголемата длабочина му е 453 метри. Вкупниот крајбрежен појас се проценува на 341 километри, од кои 30% се урбани површиини. Браните изградени на растоката на Ворма во 1858, 1911, 1947 и 1965 година ја покачиле височината на водата за приближно 3,6 метри вкупно. Во текот на 19-тиот и 20-тиот век, има регистрирано 20 поплави кои ја зголемиле височината на езерото за најмалку 7 метри, што предизвикало поплави. Неколку од овие поплави го поплавиле и градот Хамар.

Градовите Хамар, Ѓовик и Лилехамер се основани покрај бреговите на езерото. Пред изградбата на железниците покрај езерото, тоа било важна транспортна рута. Денес, покрај помалите рекреативни бродски активности и парниот брод Скибладнер, нема воден сообраќај на езерото. На повеќето од бреговите преовладуваат брановидни земјоделски области, меѓу кои се и некои од најплодните житни области во Норвешка. Главната железничка линија, Довре линијата меѓу Осло и Трондхејм, минува по источниот брег на езерото, во станицата Хамар и станицата Лилехамер. Од југ, европскиот пат Е6 се движи по источниот брег на езерото сè до мостот Мјеса, кој го поврзува Моелв на исток со Бири на запад.

Мјескастелет лево|мини|Цртеж на Мјескастелет како што го замислил Питер Андреас Бликс Најголемиот и единствен остров во езерото е Хелгеја. Освен Хелгеја, Мјеса содржи само мали островчиња. Најинтересно од нив е Штајнсхолмен, каде што се наоѓаат рушевините на Мјескастелет, средновековна тврдина која датира од 13 век. Основана од кралот Хакон IV од Норвешка, првпат се споменува историски во писмо од 1234 година. Питер Андреас Бликс го документирал местото и направил цртежи во 1897 година. Музејот Хедмарк има идни археолошки планови за местото.

Риби Езерото Мјеса има 20 видови риби. Меѓу најчестите се штука, европски костреш, црвеноперка, сива пастрмка, кафеава пастрмка која може да чест вид е европскиот топилник, кој е најважната мамка за предаторите. Историски, најекономски значаен вид е lågsild (европски кокс).

Извор на вода за пиење Неколку општински и градски области го користат езерото како извор на вода за пиење.

Хамар/Отестад – Хиас ИКС е одговорен за водоводните системи и постројките за третман на отпадни води во општина Хамар, општина Штанге и општина Летен. Општина Лилехамер – управува со водовод во Корген. Потпишани се договори за изградба на нов водовод отпорен на поплави во Ховемон. Општина Ѓовик – ПСОВ работи од Рамбек Ренсеанлег Општина Естре Тотен – Кап / Скреиа Брумундал – Бири / Моелв

Име Езерото се вика „Мјеса“ ( / Протонордиски *Merso) и ова име мора да е многу старо. Значењето е веројатно „светлото/блескавото“. Ова се базира на теоријата дека првиот елемент *mer- е поврзан со англискиот збор mere што значи „бистар“ или „светкав“ и -со тоа е наставка =.

Настани Од 1932 до 1934 година, на северните делови од езерото во близина на Лилехамер се одржувале трки на мраз. Поради потопли зими, организаторите на трките биле принудени да ги преместат трките од Герсјен во близина на Осло. Гран при на Норвешка се одржала таму во 1934 година. Трката ја освоил шведскиот возач Пер-Виктор Виденгрен во Алфа Ромео 8C, но поради слабата посетеност, го вратил Гран прито во регионот на Осло во 1935 година.

Во 1975 година, на неговите брегови се одржал 14-от Светски извиднички собир. Учествувале повеќе од 17.000 извидници од 91 земја.

Во 1995 година, канадска организација за историски авиони наречена Halifax 57 Rescue го пронашла и извлекла речиси недопрениот бомбардер Хендли Пејџ Халифакс од езерото, кој претходно бил откриен во 1991 година на длабочина од 228,6 метри. Авионот, NA337, бил соборен на 01:31 часот на 24 април 1945 година додека се враќал од мисија за снабдување и се урнал кратко потоа. Подоцна бил темелно реставриран до оригиналната состојба (но не е во состојба да лета) и сега е еден од само три останати примероци од овој тип во светот.

Културни проекти Меѓуопштинскиот јавен проект за уметност „Таму немаше хоризонт“ е модел за меѓуорганизациска соработка помеѓу локалните општини и окрузи. Тоа е јавен „ленд-арт“ проект кој бил поддржан од општината на округот Опланд и општината на округот Хедмарк, како и од локалните општини Еидсвол, Ѓовик, Хамар, Лилехамер, Рингсакер, Штанге и Естре Тотен. Сите овие заедници го делат брегот со Мјеса. Проектот е соработка за еколошка уметност, вклучувајќи ги делата на 12 уметници, скулпторски и мултимедијални уметнички дела за животната средина, инсталирани на 20 географски места на и околу бреговите на Мјеса. Проектот е документиран во книга и бил дел од изложба во Музејот Мјесмузеет во 2019 година.

Поврзано

Тофтес Гаве

Наводи

Надворешни врски

Mjøskastellet (Дигитален музеј)

Категорија:Статии со извори на норвешки (no) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Норвешка