„Децата од Павловата улица“ (унгарски: A Pál utcai fiúk) — роман за деца на унгарскиот писател Ференц Молнар од 1906 година. Дејствието на романот се одвива во едно предградие на Будимпешта во 1889 година, а основната тема е борбата меѓу две детски групи — децата од Павловата улица и групата наречена „Црвените кошули“. Главниот лик во делото е детето Немечек, кој се истакнува со своето јунаштво во одбраната на Павловата улица, но по цена на својот живот.
Содржина Романот се состои од десет глави.
За делото Во освртот кон романот, Глигор Поповски ја истакнува ширината и слободниот простор на Павловата улица, како симбол на слободата и татковината кои треба да се бранат и да се сочуваат. Притоа, борбата меѓу двете детски групи од предградието на Будимпешта ја претставува борбата за слобода и за правдина, а победата на децата од Павловата улица е победа на човечноста и на добрината над насилството. Книгата се одликува со пластично и животно насликани ликови, со динамика и мајсторски водена акција, а авторот покажува длабоко познавање на психологијата на детето.Глигор Поповски, „Приод кон делото ‚Децата од Павловата улица‘ од Ференц Молнар“, во: Ференц Молнар, Децата од Павловата улица. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла, Култура и Детска радост 1990. стр. 153-155.
Изданија на македонски јазик Книгата е објавена на македонски јазик во повеќе наврати: Во 1990 година, таа била објавена како заедничко издание на неколку издавачки куќи (Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла и Детска радост), а во реализација на Наша книга. Книгата служела како лектира за петто одделение во основните училишта во СР Македонија. Преводот го извршил Миел Неделковски, нацртот и цртежот на корицата се дело на Томислав Филипов, а автор на илустрациите во книгата е Ацо Филиповски. Книгата, со димензии од 20 сантиметри и со обем од 157 страници, била испечатена во НИПРО „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака YU ISBN 86-373-0259-9.Ференц Молнар, Децата од Павловата улица. Скопје: Наша книга, Македонска книга, Мисла, Култура и Детска радост 1990. стр. 4 и 157.
Наводи
Категорија:Дела на Ференц Молнар Категорија:Унгарски романи Категорија:Книги на унгарски јазик Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 1906 година Категорија:Романи кои се одвиваат во Унгарија