Бабукар Геј (роден на 25 февруари 1998, во Билефелд) — германско-гамбијски фудбалер, голман на и на гамбијската репрезентација.

Клупска кариера Роден во Германија, Гај својата кариера ја започнал во Арминија Билефелд. Откако играл само за вториот тим, на 30 јуни 2019 година, објавил дека ќе го напушти клубот без да направи ниту еден настап за првиот тим и последователно му се приклучил на Ватеншајд 09 на 21 јули 2019 година.Keeper Baboucarr Gaye kommt von Arminia Bielefeld, sgwattenscheid09.de, 21 July 2019 По само девет натпревари, Гај бил принуден да си најде друг нов клуб откако Ватеншајд поднел барање за банкрот кон средината на октомври 2019 година, со што не го доиграл остатокот од сезоната.Wuppertal und Essen: Hier halten sich Wattenscheid-Spieler fit, reviersport.de, 16 November 2019

Во јануари 2020 година, младиот голман му се приклучил на вториот тим на Штутгарт,, vfb.de, Januar 2020 а во јули истата година потпишал за Рот-Вајс Кобленц.TuS Rot-Weiß Koblenz verpflichtet 22-Jährigen wunsch Torhüter, regio-sw.de, 19 July 2020 После две години во Кобленц, тој ја поминал првата половина од сезоната 2022-2023, во Редингхаузен, но откако немал голема минутажа го напуштил клубот селејќи се првпат во кариерата надвор од Германија.

Во јануари 2023, тој потпишал едноипол-годишен договор со бугарската екипа Локомотив Софија. Дебитирал за клубот на 18 февруари во натпреварот на домашен терен против Септември.

Во февруари 2025 година, Гаје потпишал за македонската екипа Воска Спорт од Охрид. По испаѓањето на Воска од првата лига, тој потпишал за Шкендија.

Репрезентативна кариера Гај дебитирал за репрезентацијата на Гамбија во пријателскиот натпревар добиен со 1–0 против Конго на 9 октомври 2020 година.

Тој бил дел од составот на Гамбија на Африканскиот куп на нации во 2021 и 2023.

Наводи

Надворешни врски

Бабукар Гај на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Гамбијски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Арминија Билефелд Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија