Дмитриј Викторович Харин (роден на 16 август 1968 година, во Москва) — советски и руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, голман.

Клупска кариера На само 14 години, тој беше приклучен во првиот тим на Торпедо Москва, клуб каде што останал до 1987 година, освојувајќи го Купот на Советскиот Сојуз. Потоа се преселил во Динамо Москва и, само за една сезона, во ЦСКА Москва, со вторите освојуваќи го првенството и уште еден национален куп на СССР.

Во декември 1992 година, тој бил купен од англискиот клуб Челси за 400.000 фунти. Со „сините“ Харин првично било редовен играч, играјќи добро во ФА Купот 1993-1994 и Купот на победниците на куповите 1994-1995. Потоа, тој се соочил со повреди поради кои поминал многу време надвор од терените. По оправувањето, тренерот Џанлука Вијали, го избрал новиот голман, Ед де Гуј, за стартер меѓу стативите, што ги ограничило можностите на Харин за игра, забележувајќи само 20 настапи во последните три сезони. Вкупно, тој одиграл 146 натпревари за Челси.

Во летото 1999 година, тој се преселил во како слободен играч, каде што се очекувало да биде стартер, но понатамошните мускулни проблеми го ограничиле неговото учество на само 11 натпревари во сите натпреварувања. Поради ова, тој не одиграл клучна улога во двете шампионски титули на тимот.«Я вернулся после трех крестов, а ты называешь меня ленивым?» Русский вратарь, который жег в Англии

Во 2003 година, тој потпишал за полуаматерскиот клуб Хорнчрч, со седиште во Лондон, каде што бил исклучен на своето деби. По ова искуство, тој се пензионирал од активното играње фудбал.

Репрезентативна кариера За време на Европското првенство 1988, во тоа време деветнаесетгодишниот Харин, по повредата на Ринат Дасаев во натпреварот против Ирска (1-1), тој бил еден од кандидатите да биде повикан во репрезентацијата на Советскиот Сојуз како трет голман кој ќе го замени Дасаев, но на крајот вториот се опоравил и Харин не бил повикан.

Своето деби за советската репрезентација го направил неколку месеци подоцна носејќи го дресот на репрезентацијата се до 1991 година, а потоа по распадот на СССР играл и за наследничките репрезентации ЗНД (1992) и Русија (1993–1998), остварувајќи вкупно 38 настапи (6 за СССР, 11 за ЗНД и 23 за Русија).

Титули Торпедо Москва Куп на Советскиот Сојуз : 1 1985-1986

ЦСКА Москва Советско првенство : 1 1990-1991 Куп на Советскиот Сојуз : 1 1985-1986

Челси ФА Куп : 1 1996-1997 Лига куп : 1 1997-1998 УЕФА Куп на победниците на куповите : 1 1997-1998 Суперкуп на Европа : 1 1998

Селтик Премиер лига на Шкотска : 2 2000-2001, 2001-2002 Куп на Шкотска : 1 2000-2001 Лига куп на Шкотска : 2 1999-2000, 2000-2001

Советски Сојуз олимписка репрезентација Летни олимписки игри : 1 Златен медал: 1988

Наводи

Надворешни врски

Дмитриј Харин на fbref Дмитриј Харин на transfermarkt Дмитриј Харин на espn Дмитриј Харин worldfootball

Категорија:Живи луѓе Категорија:Советски фудбалери Категорија:Руски фудбалери Категорија:Руски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Торпедо Москва Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Москва Категорија:Фудбалери на ФК ЦСКА Москва Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Селтик