Шекспирова 9/1 (стилизирано како Улица Шекспирова 9/1) — македонски комичен кусометражен игран филм од 2014 г., во режија на Владимир Митревски. Филмот е студентско остварување, произведено од Круг филм и Факултетот за драмски уметности, со финансиска поддршка од Македонскиот филмски фонд. Премиерата во Македонија се одржала на 29 септември 2014 г.

Содржина Филмот следи млада двојка и нивниот шестгодишен син, кои се обидуваат да пронајдат одредена зграда за да погледнат стан што имаат намера да го купат. Откако конечно ќе ја пронајдат адресата и ќе влезат во станот, откриваат дека старата газдарица неодамна починала.

Дејството е опишано како современа животна приказна од македонското секојдневие, која може да се преслика на целиот простор на поранешна СФРЈ.

Улоги

Димитрија Доксевски Кристина Леловац Николај Доневски Гораст Цветковски Емил Рубен Лазар Манасковски Виолета Шапковска Жаклина Петровска Симон Манасковски Владимир Петровиќ

Производство и награди Филмот е произведен од Лазар Секуловски, Горан Трпчевски и Дејан Крајчевски. На осмото издание на фестивалот КРАФ (Крагуевски фестивал на антивоен и ангажиран филм) во Крагуевац, Србија, филмот во 2014 г. освоил две награди: Прва награда од жирито за најдобар студентски филм и Признание од публиката за најдобар филм на фестивалот.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски филмови Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Филмови снимени во Македонија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__