Реката Малвам, позната и како Малва или Малуа, — река во древна Северна Африка спомената во Историја Британум и Историја Регум Британија. Во овие записи, таа се наоѓа западно од планините Азарија во Мавританија. Академиците ја идентификувале како денешна река Мулуја.

Историја на Британија Историјата на Британија () ја содржи најраната преживеана верзија на легендарната приказна за потеклото на Скотите, подоцна прераскажана како ирски легенди за Фениус Фарсејд, Скота и Гоидел Глас. Во неа, неименуван скитски благородник кој живее во Египет патува со своето домаќинство по северноафриканскиот брег до Хиспанија, каде што се населуваат. Историјата на Британија именува голем број места по нивниот пат: Африка, Арас Филенорум, Лакус Салинарум, помеѓу Скикда и планините Азарија, преку реката Малвам, преку Мавританија до Херкуловите столбови, потоа Тиренското Море, пред да стигне до Хиспанија.

Историја на кралевите на Британија Историјата Регум Британија на Џефри од Монмут () црпел многу од Историја Британум. Во него, Брут од Троја ја следи истата рута, овој пат почнувајќи од островот Левкада наместо од Египет. Направени се неколку дополнувања,вклучувакјќи ги победата над пиратите помеѓу Скикда и планините Азарија, ограбувањето на Мавританија за залихи и средбата со сирени кај Херкуловите столбови. Наместо да патува низ реката Малвам како во Историја Британум, Џефри вели дека Брут ја поминал пред да стигне во Мавританија.

Наследство Илузорните марсовски канали добиле имиња на митски и реални реки, вклучувајќи една наречена „Малва“ по реката Малвам.

Наводи

Категорија:Митолошки реки