мини|300x300пкс|Клисурата Ена и паркот Сазанами Клисурата Ена е речна долина сместена на средниот тек на реката Кисо, која тече низ градовите Ена и Накацугава во префектурата Гифу, Јапонија.
Клисурата Ена е именувана така од Шига Шигетака, географ, кој ја фалел хармонијата на мистериозно обликуваните карпи, кои изгледале како континуитет со крајбрежниот поглед на браната Ои. Се наоѓа во префектурниот парк Клисура Ена.
Невообичаено обликуваните карпести структури доминираат во целиот пејсаж. Може да се видат карпата Бјобу, карпата Гункан, карпата Шиши, карпата Кагами и други, дополнително има и млазни бродови кои им овозможуваат на патниците подетално да ги видат карпите.
Ова е исто така многу важно место од геолошка гледна точка. Таму има Музеј на минерали. Областа, исто така, напредува како место за одмор во непосредна близина на метрополитенската област Нагоја.
Мостот Ена-кио Охаши се протега на клисурата Ена. мини|Каса Камен Карпата Каса е карпеста формација која се наоѓа во областа на Клисурата Ена. Таа е прогласена за Национален природен споменик. Карпата го добила своето име според долниот дел, кој е тесен како чадор. Карпата е составена од црн лискун-гранит и била обликувана со ерозија и атмосферски влијанија предизвикани од вода и дожд. На своето најшироко место, карпата има пречник од 3,3 метри, а на најтесното место е помало од еден метар.
Категорија:Долини во Јапонија Категорија:Клисури во Јапонија