Зоолошката градина во Росток (германски: Zoologische Garten Rostock) — зоолошка градина во градот Росток, Германија. Таа била основана во 1899 година. Зафаќа површина од 56 хектари и раководи со 4.500 животни од 320 видови, зоолошката градина во Росток е најголемата зоолошка градина на германскиот источен брег. Зоолошката градина во Росток чува бели мечки. Директор на зоолошката градина во Росток е Удо Нагел.

Историја

Од основањето до 1945 година лево|мини|Влез во зоолошката градина во Росток во дваесеттите години. Околу 1864 година, претходните воени територии биле префрлени во градината, а до 1866 година биле завршени и именувани како Троценбург. Во 1898 година, биле донесени првите животни кои биле оградени, како дива свиња и различни видови на елени. Следната година биле официјално отворени на Хиршгартен и Троценбург, а првиот чувар на зоолошката градина, Карл Ланге, се вработил за да се грижи за различни животни.

Од 1945 до 1989 година лево|мини|Зградата на зоолошката градина Bärenburg im Rostocker Воздушните бомбардирања за време на Втората светска војна врз градот Росток биле исклучително тешки. Сите згради и оградени простори во зоолошката градина во Ростоксе уништиле. Во 1951 година, архитектот на градината, Арно Леман, започнал да ја реновира и обновува зоолошката градина. Многу луѓе од градот волонтирале во реновирањето, со директна мануелна работа, како и со нивна поддршка. Зоолошката градина повторно се отворила за јавноста во 1952 година, била проширена во 1956 година и преименувана и повторно основана на 16 јануари 1956 година како Зоолошка градина Росток.

Во 1960 година, првите два азиски слона пристигнале во новоиот изграден слонов простор, а подоцна зоолошката градина во Росток почнала да одгледува арапски коњи и станала најголем одгледувач на коњи во цела Источна Германија. Во 1963 година, во зоолошката градина се родила првата бела мечка, која го добила името Катја. Во 1973 година, зоолошката градина повторно била проширена со дополнителни 56 хектари, координирани со нов генерален план.

Од 1980 година, Зоолошката градина во Росток чува родоначалничка книга на поларните мечки во рамките на Европската програма за загрозени видови.

Од 1989 година лево|мини|Лавови во зоолошката градина во Росток Во 1992 година, била основана Непрофитна организација GmbH Росток Зоолошка градина, нејзиниот претседател бил директор на зоолошката градина во Росток, Удо Нагел, а од 1992 до 1998 година беа основани неколку нови живеалишта за животни, меѓу кои и африкански диви кучиња, ушести фоки и патаси, а од тогаш се создадени и реновирани повеќе живеалишта.

Во 1999 година, зоолошката градина го прославила јубилејот наречен 100 години постоење, откако сто години била зоолошка градина.

Женската африканска слоница Сара, која била најстара слоница во европската зоолошка градина, починала во 2013 година, со кое се прекинало чувањето на слонови во зоолошката градина, а кафезот за слонови бил заменет со пигмејски нилски коњ.

Дарвинум мини|Дарвинеум Именуван по основачот на теоријата за биолошка еволуција преку природна селекција, Чарлс Дарвин, Дарвинум бил отворен на 8 септември 2012 година. Овој жив музеј, се простира на 20.000 м2 и содржи над 80 видови животни, бил најголемиот градежен проект во историјата на зоолошката градина во Росток, и чинел повеќе од 28 милиони евра.

Во две интерактивни изложби е изложена биолошката разновидност на Земјата, како и еволуцијата зад неа, почнувајќи од Теоријата за Големата експлозија и создавањето на видливиот универзум. Тематски кутии со живи фосили, аквариум со корали, морски коњчиња и најголемиот кружен резервоар во Германија за медузи. Центарот на изложбата е Тропенхале, тропска изложба од 4.000 м2 со гибони, горили, орангутани и мајмунот на Де Браца. Веднаш до Тропенхале се наоѓа изложба која ја прикажува културната еволуција на човекот.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Росток Категорија:Зоолошки градини во Германија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците