Атанас Романов (, - , ) — учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Близок пријател со македонските поети Антон Попов и Никола Вапцаров, со кои заедно се стрелани од страна на бугарските фашистички власти.
Животопис Родителите на Атанас, биле Македонци. Неговиот татко Димитар најпрво бил учител, потоа ситен службеник, а подоцна работник. Често ја губел работата поради своите прогресивни идеи, а семејството го менувало местото на живеење, одејќи повторно таму каде што тој нашол егзистенција. Ја помагал активноста и на неговиот син, бидејќи имал симпатии кон прогресивното движење. Неговата мајка Милка (Ковачева) Романова, била по потекло од Кукуш, израсната во револуционерно семејство. Атанас бил нивно трето дете и имал две постари сестри.
Смрт лево|мини|248x248пкс|Првата страна од пресудата во име на Цар Борис Трети, против Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов и останати активисти Во судскиот процес против ЦК БРП на 22 јули е осуден на смрт и на 23 јули, заедно со Македонците Никола Вапцаров, Антон Попов и тројца други бугарски комунисти, е стрелан на софиското гарнизонско стрелиште. мини|294x294пкс|Весникот "Македонско знаме" (од 23 јули 1945) со страница посветена на тројцата Македонциː Антон Попов, Никола Вапцаров и Атанас Романов.
Автор на статијата е Михаил Сматракалев
Наводи
Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски комунисти Категорија:Дејци на БКП