Donkey Kong Jr. (македонски: Донки Конг Помладиот, ) — аркадна игра, издадена од Nintendo во 1982 г.

Главниот лик во играта — Донки Конг Помладиот — мора да го спаси својот татко Донки Конг од Марио, кој ќе му попречува на секој можен начин. На секое ниво, играчот треба да го одведе Донки Конг Помладиот до самиот врв и да го спаси својот татко. За да се искачи таму, треба да се фаќа за лијани и јажиња и да се качува нагоре. Додека го поминува нивото, треба да собира овошје што дава бонуси и да ги избегнува противниците. По својата суштина, ова е играта Donkey Kong наопаку.

Нивоа

Прво ниво Ова ниво се наоѓа во џунгла. Тука има многу лијани по кои не е тешко да се стигне до врвот. На дното на нивото тече вода, од паѓање во која Донки Конг Помладиот умира. Мала опасност претставуваат snapjaws (брза челуст), пуштени од Марио. Штом Донки Конг Помладиот се искачи нагоре, Марио го зема кафезот со постариот Донки Конг на следното ниво.

Второ ниво Ова ниво, како и претходното, се наоѓа во џунгла, но е веќе повисоко од нивото на морето, така што нема вода долу. Лијаните го менуваат своето распоредување, што го прави нивото потешко. Се појавуваат нови противници — птици. Штом главниот лик се искачи нагоре, Марио повторно го зема кафезот со себе на следното ниво.

Трето ниво Третото ниво е сместено во фабрика. Лијаните се заменуваат со јажиња и се појавуваат нови противници: електрични топки. Најдобриот начин да се поминат е да се прескокнат. Донки Конг Помладиот се качува нагоре, а Марио последенпат преминува, земајќи го кафезот со себе, на следното ниво.

Четврто ниво Последно ниво. Тоа целосно се состои од јажиња, движејќи се по кои, треба да се соберат сите клучеви. Потоа, кафезот со Донки Конг ќе биде отворен. Откако ќе се ослободи, постариот Донки Конг го клоца Марио и, соединувајќи се со својот син, си оди дома.

По завршувањето на играта, може да се започне одново на потешко ниво.

Ликови

Донки Конг — татко на Донки Конг Помладиот. Тој е заробен од Марио.

Донки Конг Помладиот — главниот лик во играта, кој го спасува својот татко од заробеништво.

Марио — главниот противник, грабнувачот на Донки Конг.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аркадни игри __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Игри за NES