Хасапли () — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Седес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, помеѓу селата Доганџи и Сурокли, на надморска височина од 295 м. Било поделено на две маала: Горно (Карши) и Долно (Хасанли Чекишлер) Маало.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Хасапли било турско село во Солунската Каза на Солунскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Касанли имало 90 жители, сите Турци. Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 85 жители, кои поради војните во 1920 г. се зголемиле на 96 лица.

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 9 бегалски семејства од Источна Тракија, така што селото станало бегалска населба. Поради немањето услови за живеење, колонистите уште пред Втората светска војна го напуштиле селото и се преселиле во околните населби.

Наводи

Категорија:Историски села во Седес