Варџилар () — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Седес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, во атарот на Доганџи, од кое е оддалечено 4 км на југ, на надморска височина од 180 м.
Историја Во XIX век Варџилар било турско село во Солунската Каза на Солунскиот Санџак.
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во пописот од 1920 г. е евидентирано со 72 жители.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Селото никогаш не било обновено и со наредбата бр. 1939 од 1928 г. на Министерството за внатрешни работи било избришано од евиденција.
Наводи
Категорија:Историски села во Седес