Езеро Исик Кул () е големо, копнено езеро на падините на планините Тианшан во источен Киргистан. Езерото има површина од 6.236 км². По езерото Титикака, тоа е второ најголемо планинско езеро во светот, седмо најдлабоко езеро во светот, десетто најголемо езеро во светот по волумен (иако не по површина) и второ најголемо солено езеро по Каспиското Море. Исик Кул на киргистански значи „топло езеро“; иако се наоѓа на надморска височина од 1607 м надморска височина и е подложно на силен студ во текот на зимата, ретко замрзнува поради соленоста.

Езерото никогаш не замрзнува во зима и покрај тоа што температурата на воздухот се спушта на -20 °C. Ова е последица на фактот дека езерото е длабоко и дека долните слоеви на водата који имаат температури >4 °C се мешаат со површинските. Дополнителен фактор е соленоста на водата, која достигнува 6. Езерото Исик Кул е богато со риби. Ова езеро е рамсарско подрачје од глобално значаен биодиверзитет и го сочинува резерватот Исик Кул.

Географија

Езеро Исик Кул е долго 182 километри, широко до 60 километри, а негова површина изнесува 6.236 квадратни километри. Тоа е второ најголемо планинско езеро во светот по езерото ТитикакаGrove, M. J, P. A. Baker, S. L. Cross, C. A. Rigsby and G. O. :281-297.Rigsby, C, P. A. Baker and M. S. :165-185 во Јужна Америка. Се наоѓа на 1.607 метри надморска височина и достигнува длабочина од 668 метри.

Во езерото се влеваат околу 118 реки и потоци; најголеми се Ѓиргалан и Тиуп. Вода добива од мали извори, како и од топење на снег. Езерото нема моментален истек, но некои хидролози претпоставуваат дека водата од езерото се филтрира длабоко под земјата во реката Чу. На дното на езерто се наоѓа минералот монохидрокалцит: еден од ретко познати лакстрински седименти.Sapozhnikov, D. G.; A. I. Tsvetkov .

Соленоста на езерската вода е приближно околу 0,6% – во споредба со 3,5% соленост на типичната морска вода – и иако нивото на езеро и понатаму е околу 8 метри повисоко отколку во средниот век, негово ниво сега опаѓа за приближно 5 сантиметри годишно поради пренасочувања на водата.

Административно, езерото и соседно земјиште се наоѓаат во регион Исик Кул, Киргистан.

Туризам

За време на советската ера, езерото станало популарно летувалиште, со бројни санаториуми, пансиони и викендички по должина на северниот брег, од кои многу се концентрирани во и околу градот Чолпон Ата. Тие доживеале тешки времиња по распад на Советски Сојуз, но сега хотелските комплекси се реновираат и се поставуваат едноставни приватни сместувачки капацитети за изнајмување за ноќевање со појадок за нова генерација посетители за здравје и одмор.

Историја

Езерото Исик Кул било попатна станица на Патот на свилата, копнен пат за патници од Далечниот Исток до Европа. Големиот кинески будистички научник-монах Сјуанцанг поминал покрај ова езеро и забележал детали во својот патепис од 7 век „Големи записи Танг за западните региони“. Езерото еднаш било во сопственост на кинеската династија Кинг, а подоцна било отстапено на Русија - заедно со околната територија. Многу историчари верувале дека езерото било извор на чумата црна смрт, која ја зафатила Европа и Азија во текот на почеток и средината на 14 век. Така, чумата се ширела низ овие континенти преку средновековни трговци, кои несвесно носеле заразени штетници со себе.

Нивото на езерото е околу осум метри повисоко отколку во средниот век. Нуркачите пронашле остатоци од потопени населби во плитки предели околу езерото. Во декември 2007 година објавен е извештај на тим киргистански историчари, на чело со Владимир Плоски, потпретседател на Киргистанската академија на науките, дека археолозите откриле остатоци од напредна цивилизација стара 2.500 години на дното на езерото. Добиените податоци и артефакти укажуваат дека древниот град во свое време бил метропола. Откритието се состоело од импозантни ѕидини, од кои некои се протегале на 500 метри и траги од голем град со површина од неколку квадратни километри. Други наоди се скитски гробници кои еродирале низ вековите и бројни добро сочувани артефакти, вклучувајќи врвови од стрели, ками, предмети отфрлени од ковачи, пари итн.

Предмети кои се идентификувани како најстари постоечки монети во светот биле пронајдени под вода, со златни жичени прстени. Исто така, бил пронајден бронзен котел со ниво на изработка кое денес се постигнува со користење на инертно гасно окружување.

Во 1916 година манастирот покрај езерото бил напаѓан од киргистански бунтовници, при што биле убиени седум монаси.

Легенда Во предисламската легенда, кралот Озон имал уши од магаре. Тој ги криел и ги убивал своите бербери за да ја скрие својата тајна. Еден бербер ја рекол тајната во бунарот, но не го отворил бунарот после тоа. Како резултат на тоа бунарската вода се зголемила и го поплавила кралството. Кралството денес е под водите на Исик Кул. Според легендата така настанало езерото. Други легенди велат дека на дното на езерото лежат четири потопени града. Значајни археолошки наоди кои укажуваат на присуство на напредна цивилизација во античко време се пронајдени во плитките води на езерото.

Руска морнарица За време на советскиот период, советската морнарица управувала со голем објект на источниот крај од езерото, каде била направена проценка на технологија на подморници и торпеда. Во март 2008 година, киргистанските весници објавиле дека 866 хектари околу полуостровот Карабулан на езерото ќе бидат изнајмени на неодредено време на Руската морнарица, која планирала да воспостави нови постројки за тестирање во море како дел од билатералниот договор од 2007 година. Руската војска ќе плаќала 4,5 милиони долари годишно за изнајмување на подрачјето. Индија, исто така, планирала да инвестира во постројки за тестирање на сите видови торпеда со голема тежина и оние кои имаат термички навигациски системи. Уште една друга предност на тестирање била таа што испуканите торпеда исто така можеле да се поправат што им овозможувало на научниците да извршат физичка верификација на структурата на торпедото за понатамошно проучување. Индија исто така планирала постројката да ја користи за тестирање на торпеда за тестирање на автономно подводно возило, кое било развиено од НСТЛ. За таа цел Индија предложила ангажирање на локални компании со кнов-хов во технологија за торпеда за понатамошен заеднички развој на постројката.

Наводи

Надворешни врски

Изгубен град под езерото, апостол Матеј почива во древна метропола во Киргистан? Блиц 04.09.2015.

Категорија:Географија на Киргистан Категорија:Езера во Азија Категорија:Статии со извори на англиски (en) Категорија:Страници со наводи без наслов Категорија:Статии со извори на руски (ru) Категорија:CS1-одржување: датумски формат