мини|350x350пкс|Група улични кучиња во Индија чие здравје го проверуваат волонтери. Бездомно куче ― куче кое не е ограничено на двор или куќа. Кучињата што се движат слободно може да бидат: улични кучиња, селски кучиња, кучиња скитници, диви кучиња, итн., и може да имаат или да немаат сопственик. Глобалната популација на кучиња се проценува на 900 милиони, од кои околу 20% се сметаат за домашни миленици во сопственост, кои се врзани или живеат надвор или внатре во домот.

Бездомните кучиња се вообичаени во земјите во развој. Се проценува дека во Индија има околу 62 милиони кучиња што шетаат слободно. Во западните земји кучињата што слободно шетаат се ретки; во Европа тие првенствено се наоѓаат во делови од Источна Европа, а во помала мера и во делови од Јужна Европа.

Различни организации работат на управување со кучињата што се сметаат за бездомни или улични, и кои се борат против ширењето на беснило, се залагаат за благосостојба на животните, за намалување и контролирање на бројот на бездомни кучиња преку кастрација и стерилизација, или се занимаваат со социјализација и вдомување на бездомните кучиња. Тука спаѓаат општините, организациите за правата на животните и други невладини организации, како и ветеринарите. Некои општини имаат политики за управување со кучиња, вклучувајќи стапица-кастрација-враќање, трајно отстранување на кучињата од улиците и нивно неопределено сместување во засолништа за животни, нивно (национално или меѓународно) посвојување или нивна евтаназија.

Потекло Животот на кучињата со луѓето е динамичен однос, при што голем дел од популацијата на кучиња го изгубила контактот со луѓето во одреден момент со текот на времето. Ова губење на контакт прво се случило по припитомувањето, и се повторувало низ историјата.

Глобалната популација на кучиња се проценува на 900 милиони, и е во пораст. Околу 17–24% од кучињата живеат како домашни миленици во развиените земји, додека во земјите во развој домашните кучиња се ретки, но има многу селски, општински или диви кучиња. Голем дел од бездомните кучиња никогаш немале сопственик, и според едно проучување, првата реакција на куче скитник кога ќе му се приближи човек е да избега (52%) или да реагира агресивно (11%).

Фактори што водат до појава на кучиња скитници Кучињата скитници се кучиња без сопственик. Терминот куче скитник во поопшта смисла е секое куче кое слободно се движи без сопственик. Фондацијата „Четири шепи“ ги дефинира животните скитници како „животни кои се родени на улица или станале бездомни затоа што биле напуштени“. Неколку фактори водат до постоењето на кучиња скитници. Во некои случаи, проблемот потекнува од минатото, бидејќи кучињата живееле на улица со генерации. Ваквите кучиња се раѓаат на улица, никогаш не биле немале сопственик, и живеат во дива или полудива состојба. Други бездомни кучиња скитници претходно имале сопственици, но завршиле на улица затоа што биле напуштени од нивните сопственици, или при раѓање (кога сопствениците не можеле да се справат со сите единки од едно легло) или многу подоцна, особено ако сопствениците се соочиле со економски предизвици, промени во животниот стил или здравствени проблеми. Некои сопственици ги напуштаат своите работни кучиња ако се незадоволни од нивните постигнувања. Кучињата исто така можат да завршат како скитници во случаи на природни катастрофи, вооружени конфликти или друг вид на катастрофа.

Категории на кучиња лево|мини|Кучиња скитници во Хелсинки, Финска, во 1917 година. Историски гледано, кучиња скитници постоеле на речиси сите места каде што имало кучиња. Денес во некои западни земји повеќе нема бездомни кучиња, но тие сè уште постојат во повеќето делови од светот. Постои забуна со термините што се користат за категоризирање на кучињата. Кучињата можат да се класифицираат според тоа дали имаат сопственик или заедница на сопственици, колку слободно можат да се движат и какви било генетски разлики што ги имаат од другите популации на кучиња поради долготрајна одвоеност.

Семејни кучиња Познати се и како „кучиња со сопственик“. Тие имаат препознатлив човечки партнер, најчесто се социјализирани, и не им е дозволено да шетаат самостојно. Нивното движење е ограничено на одредени области, најчесто онаму каде ги шета сопственикот, и немаат речиси никакво влијание врз дивиот свет.

За домашни кучиња се сметаат сите раси на кучиња (освен динго) кои селективно се одгледуваат, се чуваат и се хранат од страна на луѓето. Тие можат да бидат домашни миленици, кучиња чувари на имот, кучиња чувари на добиток или работни кучиња. Домашните кучиња може да се однесуваат и како диви кучиња ако не се соодветно контролирани или ако се оставени слободно да шетаат.

Улични кучиња Уличните кучиња скитници не се ограничени на двор или куќа. Кучињата скитници може да имаат еден или повеќе сопственици, но сепак да бидат оставени слободно да шетаат во некоја област или по улици. Овде спаѓаат селските кучиња без сопственик, кои живеат во рурални области покрај човечки живеалишта. Тие најчесто не се ограничени во движењето, но ретко ја напуштаат околината на селото. Ова ги вклучува и селските кучиња што имаат сопственик, кои се поврзани со домовите, но не се ограничени во движењето, односно не се врзани или затворени на одреден простор. Тука спаѓаат и кучињата кои чуваат добиток. лево|мини|Улични кучиња во Непал

Бездомни кучиња без сопственик Кучињата без сопственик што се движат на слобода се кучиња скитници. Тие ја добиваат својата храна и засолниште од човечката средина, но не се социјализирани, и често ги избегнуваат луѓето колку што е можно повеќе. Кучињата без сопственик што се движат слободно ги вклучуваат уличните кучиња, кои живеат во градови и урбани средини. Овие немаат сопственик, туку се хранат со остатоци од храна што ја оставаат луѓето, од канти и ѓубре. Кучињата без сопственик што се движат на слобода вклучуваат и диви кучиња.

Диви кучиња мини|Диво куче на островот Наваса на Карибите. Терминот „див“ може да се користи за да се опишат оние животни кои поминале низ процесот на припитомување, но се вратиле во дива состојба. Поимите „припитомено“ и „социјализирано“ немаат исто значење, бидејќи е можно некое животно од припитомен вид да стане диво, а да не е припитомено, и е можно некое животно од див вид да биде социјализирано за да живее со луѓе.

Дивите кучиња се разликуваат од другите кучиња, бидејќи немале близок контакт со луѓето рано во својот живот, односно не биле социјализирани. Дивите кучиња живеат во дива состојба без храна и засолниште обезбедено од луѓе, и постојано избегнуваат директен контакт со луѓето. Разликата помеѓу диви кучиња, кучиња скитници и бездомни кучиња понекогаш е прашање на нијанса, а кучето може да го промени својот статус во текот на својот живот. Во некои неверојатни, но забележани случаи, диво куче кое не е родено диво, туку живеело со дива група може да се рехабилитира во домашно куче со сопственик. Кучето може да стане скитник кога ќе избега од човечка контрола, со напуштање или со раѓање од мајка скитник. Дивите кучиња не се репродуктивно самоодржливи, страдаат од високи стапки на смртност во првите месеци од животот, и индиректно зависат од луѓето за нивната храна и нивниот простор. мини|Австралиското динго се смета за диво куче. Постоењето на вистински диви кучиња кои сами живеат во природата е предмет на дебата. Некои автори сметаат дека овој термин може да се однесува на австралиското куче динго и хибридите на кучиња родени од него. Тие веруваат дека овие имаат историја на независност од луѓето и повеќе не може да се сметаат за припитомени. Други не се согласуваат и сметаат дека дингото некогаш било припитомено, а сега е диво куче.

Министерството за земјоделство и рибарство на Квинсленд ги дефинира дивите кучиња како сите кучиња кои не се припитомени, што ги вклучува динго, бездомните кучиња и хибридите. Дивите кучиња на возраст од една година често се распрснуваат на повеќе од 100 км од местото каде што се родени. лево|мини|Диво куче од Нова Гвинеја Првите британски колонисти што пристигнале во Австралија основале населба во Порт Џексон во 1788 година, и забележале кучиња динго кои живееле таму со домородните Австралијанци. Иако дингото постои во дивината, се дружи со луѓето, но не е селективно одгледувано како другите домашни животни. Односот на дингото со домородните Австралијанци може да се опише како коменсализам, во кој два организми живеат во тесна поврзаност, но без да зависат еден од друг за опстанок. Тие може да ловат и да спијат заедно. Затоа, дингото се чувствува доволно удобно околу луѓето за да се дружи со нив, но сепак сака да живее самостојно, слично како домашната мачка. Секое бездомно куче скитник без сопственик може да се социјализира и да стане куче со сопственик.

Од друга страна, припитомувањето може да се смета за процес што е тешко да се дефинира, односно кучињата или се социјализирани и способни да постојат со луѓето, или се несоцијализирани. Некои кучиња живеат со своите човечки семејства, но се несоцијализирани, и кон странците се однесуваат агресивно и одбранбено, како што би се однесувал див волк, на пример. Дивите волци им се приближувале на луѓе на оддалечени места, обидувајќи се да ги натераат да си играат и да формираат заедништво.

Улично куче мини|293x293пкс|Улични кучиња во Лима, Перу Уличните кучиња, познати и како бездомни кучиња скитници, се кучиња кои слободно живеат во градовите. Тие живеат практично насекаде во светот каде што постојат градови и каде што локалната човечка популација го дозволува тоа, особено во земјите во развој. Уличните кучиња може да бидат поранешни домашни миленици кои се напуштени од нивните сопственици, или може да бидат бездомни животни кои никогаш немале сопственик. Во врска со потеклото, тие може да се чистокрвни скитници, може да се мешани кучиња или пак локални раси. Пренаселеноста на уличните кучиња може да предизвика проблеми за општеството во кое живеат, па затоа понекогаш се спроведуваат кампањи за нивна стерилизација и кастрација.

Проблеми предизвикани од уличните кучиња мини|Улични кучиња на пешачки премин во Букурешт

Каснувања и напади Каснувањата и нападите од уличните кучиња може да се случат од различни причини. Кучињата може да каснат затоа што се исплашени, се чувствуваат загрозени или штитат нешто вредно како што се нивните мали кученца, храна или играчки. Каснувања може да се случат и ако кучињата не се чувствуваат добро поради болест или повреда, ако се гладни, жедни, злоупотребени или немаат старатели. Територијалните инстинкти и инстинктите на предатори исто така можат да доведат до каснувања. Беснилото останува значаен проблем во некои земји. Во Индија, каде што се проценува дека има околу 62 милиони улични кучиња кои се движат слободно, се случуваат околу 17,4 милиони каснувања годишно, што резултира со 20.565 смртни случаи од беснило кај луѓето. Беснилото е ендемско во Индија, при што таму се случуваат 36% од смртните случаи од беснило во светот.

Покрај беснилото, каснувањата од кучиња се поврзани и со други здравствени ризици, вклучувајќи Capnocytophaga canimorsus, МРСА, тетанус, Pasteurella Bergeyella zoohelcum, остеомиелит, септичен артритис, лептоспироза и друго, и затоа каснувањата од кучиња бараат итна медицинска помош. По каснување од куче, потребна е вакцина против тетанус ако лицето претходно не било соодветно вакцинирано. Профилактички антибиотици се потребни и за рани со висок ризик или за лица со имунодефициенција. Смртните случаи од каснувања од кучиња се почести во земјите со ниски и средни приходи отколку во земјите со високи приходи.

Квалитет на живот десно|мини|250x250пкс|Улично куче во Тбилиси, Грузија