„Ахат“ — стихозбирка на македонската поетеса Јованка Денкова од 2025 година.

Содржина Збирката содржи 41 песна: „Ахат“, „Странци“, „Пресечен живот“, „Привидност“, „Те мислам“, „Живот“, „Лангида“, „Бабите“, „Засолниште“, „Страст“, „Кипарис“, „Херојство“, „Ноќна рапсодија“, „Крадец на соништа“, „Во темнината“, „Коњ“, „Шепоти“, „Драма на перонот“, „Задушница“, „Страв“, „Стариот часовник“, „Ме задушува топлиоѕ воздух“, „Аушвиц“, „Дребулии“, „Виеж“, „Не е важно“, „Бедуин“, „Мраз“, „Те нема – а тука си“, „Костени“, „Ризлинг и рижото“, „Темнина“, „Разочарување“, „Вирус“, „Некаде“, „Пат од илјада километри“, „Немоќ“, „Празнина“, „Бездомник“, „Премолк“ и „Ако заспијам“.Јованка Денкова, Ахат. Штип: Јованка Денкова, 2025.

Технички податоци Збирката е објавена како самостојно издание на авторката, а со финансиска помош од Министерството за култура и туризам. Таа има 65 страници, а испечатена е во печатницата „2-ри август“ во Штип, во тираж од 200 примероци. Илустрацијата на корицата е дело на Петар Денков. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-66129-2-4.Јованка Денкова, Ахат. Штип: Јованка Денкова, 2025, стр. 4.

За делото Во рецензијата на книгата, Милена Ристова-Михајловска го поврзува симболичното значење на ахатот со надежта и вербата во поезијата на Денкова. Вербата е присутна во истоимената песна, која е прва во збирката, надежта извира во песната „Пат од илјада километри“, додека радоста е присутна во песната „Привидност“. Во песните „Пресечен живот“, „Те мислам“ и „Страв“ се провејува нишката на стравот, а во „Лангида“ провејува мотивот на тивкото умирање. Во песната „Бабите“, авторката ја искажува материјалната врска меѓу денешнината и минатото, додека мотивите на темнината, полумракот и смртта се јавуваат во песните „Кипарис“, „Херојство“, „Во темината“, „Задушница“, „Аушвиц“, „Темнина“ итн. Во песната „Засолниште“, авторката, како духовен археолог, копа во минатото при што каменот и тишината ја имаат арс-поетичката моќ на песните на Ацо Шопов, а таква е и песната „Премолк“. Во песните „Немоќ“ и „Ако заспијам“ рефренично одѕвонуваат идентични стихови што се повторуваат. Притоа, според Ристова-Михајловска, стиховите на Денкова и печат и лечат, и болат и молат. Тие допираат длабоко во душата на читателот, испевајќи го сето она што мачи и мори, но верувајќи во она што е и што следи.Милена Ристова-Михајловска, „Ахатот како феникс, талисман, верба и заштита или За едни стихови што печат и лечат, преминуваат, веруваат, болат и молат“, во: Јованка Денкова, Ахат. Штип: Јованка Денкова, стр. 55-61.

Наводи

Категорија:Дела на Јованка Денкова Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Појавено во 2025 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2025 година Категорија:Книги од 2025 година