„Љубовни далги“ — збирка од 107 хаику песни на македонската поетеса Искра Донева од 2015 година, објавена како самостојно издание на авторката.
Технички податоци Делото, со обем од 115 страници и со димензии од 7 сантиметри, е испечатено во печатницата „РИ-Графика“ во Скопје. Графичката обработка е дело на Лиле Шијак, а Ѓоко Здравески ја извршил лектурата. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-65559-5-5.Искра Донева, Љубовни далги. Скопје, 2015, стр. 115.
За делото Во освртот кон делото, Ана Голејшка изразува пофални зборови за збирката за која, според неа, заслужува да се раскажува и чии стихови заслужуваат да се запишуваат и надвор од книгата. Делото содржи храбри стихови со кои авторката мудро ги гледа љубовните трепети при што со наивноста, суптилниот хумор, пркосот и радоста со кои изобилуваат, стиховите делуваат неодоливо.Ана Голејшка, „Лесни голтки чиста љубов“, во: Искра Донева, Љубовни далги. Скопје, 2015, стр. 110-113.
Наводи
Категорија:Дела на Искра Донева Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 2015 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2015 година Категорија:Хаику