Втората фитна била период на општи политички и воени немири во исламската заедница за време на раниот Омејадскиот Калифат. Таа започнала по смртта на првиот омејадски калиф Муавија I во 680 година, и траела околу дванаесет години. Војната вклучувала супресија на три главни предизвици за авторитетот на династијата Омејади, првиот од Хусеин ибн Али, како и неговите поддржувачи вклучувајќи ги и неговите поддржувачи Сулејман ибн Сурад и Мухтар ал-Такафи кои се собрале за да ја одмаздат неговата смрт во Ирак, вториот од Абдула ибн ел-Зубајр кој се прогласил за калиф во Мека и Медина и номинално ќе биде признаен низ поголемиот дел од калифатот, и Хариџитите кои ја презеле централна Арабија и јужен Ирак и Персија.
Коренот на граѓанската војна датира од Првата фитна. По убиството на првиот праведен калиф, Осман, исламскиот свет ја доживеа првата граѓанска војна околу прашањето за лидерството, а главни претенденти биле Али и Муавија. По убиството на Али во во 661 и абдикацијата на неговиот наследник Хасан истата година, Муавија станал единствен владетел на калифатот. Неочекуваната одлука на Муавија да го номинира неговиот син Јазид за свој наследник предизвикал отпор, а тензиите се зголемиле по смртта на Муавија. Хусеин ибн Али бил поканет од про-Алиидите во Куфа да ги собори Омејадите, но бил убиен на пат кон Куфа во битката кај Карбала во октомври 680. Војската на Јазид ги потиснала бунтовниците во Медина во август 683, а потоа ја опсадила Мека, кадешто Ибн ал-Зубајр се утврдил како противник на Јазид. По смртта на Јазид во ноември опсадата била напуштена, а власта на Омејадите набрзо била срушена низ целиот калифат по смртта на неговиот син, освен во делови од Сирија, кадешто Марван I се прогласил за калиф; повеќето провинции го признавале Ибн ал-Зубајр за калиф. Серија на про-Алиидски движења кои барале одмазда за смртта на Хусеин се појавиле во Куфа, почнувајќи со движењето на Покајниците, кое било задушено од страна на Омејадите во битката кај Ајн ал-Варда во јануари 685. Под водството на Марван, Омејадите ја консолидирале својата власт над Сирија и повторно да го преземат Египет од Зубајридите, а под неговиот наследник Абд ал-Малик ибн Марван, Омејадите го повратиле Ирак по поразот на Зубајридите во битката кај Маскин во 691 и ја потврдиле својата контрола над калифатот по убиството на Ибн ал-Зубајр во втората опсада на Мека во 692.
Абд ал-Малик спровел клучни реформи во административната структура на калифатот, вклучувајќи зголемување на власта на калифот, реструктуирање на војската, и имплементавија на арабизација и исламизација на бирократијата. Настаните од Втората фитна ги интензивираа секташките тенденции во исламот, и различни доктрини биле развиени во она што подоцна ќе станат сунитски и шиитски деноминации на исламот.
Белешки
Наводи
Извори
Категорија:Омејади