Локвата (, Лимни Октара или Οχτάρα, Охтара) — мало планинско езеро во Костурско, Егејска Македонија.

Опис Езерото се наоѓа се наоѓа на Д’мбенска Планина, на надморска височина од 1.627 м, околу еден километар северозападно од врвот Вињари (1.713 м), на ридот Костолата. Грчкото име, кое во превод значи осмица, доаѓа од обликот на езерото. Најголемата длабочина изнесува околу 1,5 м, а неговата најголема големина не надминува 25–30 м, во зависност од времето на годината.

Историја Во близина на Локвата, на 31 мај 1903 г. се водела големата битка кај Локвата и Вињари помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска, најжестоката борба во периодот пред Илинденското востание и првата поголема битка од создавањето на организацијата.

На 29 јули истата година, комитите на МРО повторно водат нова битка кај езерото.

Наводи

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Д’мбенска Планина