Знаме на Лимбург — знаме со сооднос од приближно 1:2 (де факто 2:3). Се состои од 3 реда бои во сооднос на големината од 2:1:2. Боите што се користат се (од горе надолу) бела, сина и златна (жолта). Знамето е усвоено со указ на покраинскиот извршен орган на Лимбург на 28 јули 1953 година. лево|мини|Знамето на Лимбург Средишното место на знамето го зазема црвен лав со застрашувачки изглед, круна и двојна опашка. Лавот се однесува на старото Војводство Лимбург и ја симболизира покраината. Како симбол на чест, сила, гордост и храброст, лавот отсекогаш бил во мода во кралските куќи, благородничките семејства или други институции кои се стремат да зрачат со авторитет. Заднината на знамето ја чинат две еднакви, хоризонтално поставени ленти од бела (горе) и жолта (долу) боја. Лентите се одделени со потесна сина лента. Ова ја симболизира реката Меза, најголемата река што тече низ Лимбург. Боите жолта и бела, соодветно, ги претставуваат мермерните предели во Јужен Лимбург и песочните почви во Северен и Среден Лимбург. Тие се исто така дел од грбот на покраината.
Ова знаме не се користи во белгискиот Лимбург, кој има свое, различно знаме.
Наводи
Категорија:Знамиња на покраини Категорија:Лимбург (Холандија) Категорија:Знамиња воведени во 1953 година