Јон Сивебек (роден на 25 октомври 1961 година, во Вајле) — дански поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Биографија Неговиот син Кристијан, е исто така фудбалер.
Клупска кариера Сивбек ја започнал својата кариера во татковината во екипата на Вајле. Во почетокот бил голман, а подоцна бил преместен на позицијата десен бек. Своето деби за првиот тим го направил во 1980 година и се афирмирал во клубот поминувајќи ги првите пет години од кариерата таму. Тој бил дел од тимот на Вајле кој го освоил данското првенство во 1984 и Купот на Данска во 1981 година.
Во 1985 година, тој потпишал за англискиот клуб Манчестер Јунајтед, придружувајќи му се на сонародникот Јеспер Олсен. Дебитирал за клубот во натпревар против Ливерпул на Анфилд. На 22 ноември 1986, Сивебек го постигнал својот прв и единствен гол во дресот на „Црвените ѓаволи“, и тоа од директен слободен удар во победата со 1-0 на домашен терен над Квинс Парк Ренџерс. Голот останал запаметен меѓудругото и како првиот гол на Манчестер Јунајтед постигнат под водството на Алекс Фергусон, подоцна еден од најуспешните менаџери во историјата на клубот.Paul Fletcher, The man who set Fergie on his way, BBC Sport, 4 November 2006
Откако не успеал да се избори за постојано место во почетната постава на Манчестер Јунајтед, во 1987 година, потпишал за францускиот клуб Сент Етјен. Таму играл редовно, поминувајќи четири сезони во клубот, пред да се пресели во во 1991 година. По една сезона со Монако, тој ги поминал следните две сезони играјќи за италијанската (прво во Серија А, а откако клубот испаднал во сезоната 1992-1993, потоа и во Серија Б).
Во средината на 1990-тите години, Сивбек се вратил во Данска, играјќи прво повторно во Вајле, а потоа играл и за Орхус, каде и ја завршил својата кариера во 1997 година.
Репрезентативна кариера За данската репрезентација Сивебек има 87 настапи и еден постигнат гол.
Своето деби го направил на 5 мај 1982 година, во пријателски натпревар против ; од тој момент, тој бил една од референтните точки во националниот во следните десет години. Учествувал на големи натпреварувања како Европското првенство 1984, на кое Данска стигнала до полуфиналето загубено на пенали од , Светското првенство 1986 во Мексико и уште едно Европско првенство во 1988 година.
Сепак, круна на неговата репрезентативна кариера како и на многу други дански фудбалери од неговата генерација било Европското првенство 1992 во Шведска. На ова првенството Данска изненадувачки триумфирала, а Сивебек ги одиграл сите пет натпревари на неговата земја вклучително и финалето добиено со 2-0 против . Истата година ја завршил својата репрезентативна кариера, а последниот натпревар го одиграл на 18 ноември против (победа 1-0).
Хронологија на репрезентативните настапи
По пензионирањето Откако се пензионирал, тој започнал кариера како спортски агент.
Титули Вајле Данско првенство : 1 1984 Куп на Данска : 1 1980-1981
Данска Европско првенство : 1 1992
Наводи
Надворешни врски
Јон Сивебек на transfermarkt Јон Сивебек на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Сент Етјен Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Луѓе од Вајле