десно|мини|Стек од лосос (лево), филе (десно). Рибен стек, алтернативно познат како рибна шницла, ― парче храна од риба кое е нормално на 'рбетот и може да ги содржи коските или како месо без коски. Рибните стекови може да бидат споредени со рибните филети, кои се сечени напоредно од двете страни на 'рбетот и не содржат големи коски. Рибните стекови може да бидат направени со кожа или без неа, и воглавно се правени од риба поголема од 4.5 кг. Рибните стекови од особено големи риби може да бидат исечени на парчиња за да бидат без коски.Yan, Martin (2011) Chinese Cooking For Dummies John Wiley & Sons. .

Потребно е помалку време за да биде направен рибен стек отколку филе, бидејќи стековите често се со коска и кожа. Сечењето на 'рбетот со нож може да биде тешко, па затоа е подобро да биде користен касапска пила или секач за да бидат направени рибни стекови. Поголемите риби, како што се туната, сабјарката, лососот, лавракот и махи-махито, често се сечени на стекови.

Рибните стекови можат да бидат печени на скара, пржени во тава, или печени. За разлика од другите ’Рбетници, над 85% од телото на рибата е составено од потрошлив скелетен мускул и има помека текстура. Додека говедскиот стек бара време за готвење и може да биде жилав, рибното месо е готвено брзо, е нежно и има тежнеење да се распаѓа кога е ракувано, а рибните стекови имаат помала веројатност да се распаднат за разлика од рибните филети.Bennett, Bev (2011) 30-Minute Meals For Dummies John Wiley & Sons. . За разлика од говедскиот стек, рибните стекови често се печени во сос.

Поврзано

Бифтек Список на јадења со стек

Наводи

Дополнителни извори

Грин, Ализа (2010) Чиракот на рибарот: Водич на експерт за избор, подготовка и готвење на свет на морска храна, предавани од мајсторите стр. 78–83, Quarry Books. ISBN 9781592536535 . Стек Категорија:Стек